Достапни линкови

Битолската болница останува без специјалисти


Битолскиот здравствен центар
Битолскиот здравствен центар

Ако итно не се преземат мерки за подмладување на специјалистичкиот кадар во битолската клиничка болница, за десетина години повеќе одделенија ќе останат без лекари специјалисти.

Бидејќи кадарот старее, за овој период, од приближно 200 вработени специјалисти, дури 80 отсто ќе заминат во пензија. Најмалку пет одделенија ќе останат без соодветен лекарски кадар, околу десет само со еден специјалист. Станува збор за значајни служби за лекување.
Ако не се преземи нешто за подмладување на специјалистичкиот кадар во Битола сите ние за десет години со автобуска карта во Скопје ќе одиме на лечење.


„Во очно ќе остане еден специјалист, во максило еден, во ушно еден, на кожно ни еден. Во урологија двајца, во ортопедија двајца, интерно десет, нервно ни еден. На психијатрија еден, на неонатологија еден. Педијатрија еден, нуклеарна нула, на рендген нула и на физикална еден. Ако не се преземи нешто за подмладување на специјалистичкиот кадар во Битола сите ние за десет години со автобуска карта во Скопје ќе одиме на лечење“, вели гинекологот Гоце Чакаровски.

Директорот на болницата, Димче Кузмановски, потврдува дека старосната структура на вработените е неповолна. Просечната возраст кај лекарскиот кадар е 51 година. Најголемиот дел од персоналот би заминал во пензија, жените за седум, а мажите за девет години. Од лекарите специјалисти за четири години треба да се пензионираат 25 отсто.

„Покатастрофално ќе биде од 2015 година, па понатаму зашто годишно од прилика по 30 до 40 ќе заминуваат во пезнија“, вели Кузмановски.
Најголемата трагедија е што не успеавме минатата година, значи во 2009-та, да вработиме ни еден лекар, а и оваа година нема ни едно вработување заради рецесијата


Излезот од ситуацијата е да се вработуваат млади лекари, да се даваат специјализации, но тоа го попречува рецесијата.

„Најголемата трагедија е што не успеавме минатата година, значи во 2009-та, да вработиме ни еден лекар, а и оваа година нема ни едно вработување заради рецесијата, односно забрана од Владата во јавниот сектор да има вработувања“, вели Кузмановски.

Изминатите десет години многу малку лекари од битолската болница се испраќале на специјализација. Воедно непланското и самоволно се избирале областите за доусовршување. Инаку, битолската болница е меѓу установите со најголем број дадени лекарски услуги во регионот. Во радиус од 150 до 200 километри нема поголема болница од неа, па услугите ги користат илјадници пацинети.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG