Одлуката која вчера ја донесе владата за прераспределба на средставата меѓу буџетските корисници, предизвика размислувања дека некои институции имаат проблеми од финансиска природа. Во Фондовите изјавуваат дека апсолутно нема никаков повод за сомневање. Ваквата одлука, судејќи според зборовите на луѓето што работат во институциите, е стандардна пракса и има цел да овозможи финансиско зајакнување и стабилност. Во некои случаи, како што се укажува, дотурот на пари може да се темели и на воведени нови категории на услуги или субвенции кои се новини во работата оваа година и за кои се покажало дека е потребно да има дополнителен прилив.
Драги Јовановски, експерт по трудово право, не им верува на ваквите објаснувања. Во соодветните Фондови, бидејќи доаѓа до ребаланс, очигледно е дека нема средства и од тие причини се врши пренамена:
„Дали не се собрани доволно таму или, пак, се предвидени многу мал број на парични средства, значи тоа е прашање за дискусија, но факт е дека штом сега им се доделуваат повторно нови износи дека таму каде што тие средства се упатуваат, немало доволно дали за социјални, за пензиски потреби итн.“
Според Јовановски, овој дотур на пари од владата веројатно е неопходен да се подмират редовни исплати и за да функционираат институциите. Тој ја критикува владата и за лоша проценка при носењето на буџетот:
„Лошо програмирање, кога се правело тоа или се напишале помал износ на пари, а на друго место поголем износ или, пак, воопшто не било земено во предвид бидејќи веројатно одредени движења во стопанството претпоставувам дека се движења во надолна линија, односно при остварување на помали приходи на компаниите нормално дека и тие средства нема да бидат утврдени онака и во толкав износ колку што предвидувале при конструирање на буџетот.“
Најмногу или половина, односно 22 милиони евра одат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Четири милиони евра добива Фондот за здравствено осигурување, 7,3 милиони евра ќе одат за социјални надоместоци. Според министерот за финансии Зоран Ставрески, средставата се повлечени од сметките на сите буџетски корисници каде има мала реализација на проекти. Прераспределбата нема да влијае на капиталните инвестиции, изјави Ставрески.
Дали не се собрани доволно таму или пак се предвидени многу мал број на парични средства, значи тоа е прашање за дискусија, но факт е дека штом сега им се доделуваат повторно нови износи дека таму каде што тие средства се упатуваат, немало доволно дали за социјални, за пензиски потреби итн...Драги Јовановски, експерт по трудово право.
Драги Јовановски, експерт по трудово право, не им верува на ваквите објаснувања. Во соодветните Фондови, бидејќи доаѓа до ребаланс, очигледно е дека нема средства и од тие причини се врши пренамена:
„Дали не се собрани доволно таму или, пак, се предвидени многу мал број на парични средства, значи тоа е прашање за дискусија, но факт е дека штом сега им се доделуваат повторно нови износи дека таму каде што тие средства се упатуваат, немало доволно дали за социјални, за пензиски потреби итн.“
Според Јовановски, овој дотур на пари од владата веројатно е неопходен да се подмират редовни исплати и за да функционираат институциите. Тој ја критикува владата и за лоша проценка при носењето на буџетот:
„Лошо програмирање, кога се правело тоа или се напишале помал износ на пари, а на друго место поголем износ или, пак, воопшто не било земено во предвид бидејќи веројатно одредени движења во стопанството претпоставувам дека се движења во надолна линија, односно при остварување на помали приходи на компаниите нормално дека и тие средства нема да бидат утврдени онака и во толкав износ колку што предвидувале при конструирање на буџетот.“
Прераспределбата нема да влијае на капиталните инвестиции.Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.