Македонија се претвора во земја со веќе висок буџетски дефицит, коментираат упатените на информацијата дека во седум месеци од годинава се потрошени 150 милиони евра повеќе од прибраното. Горната граница е одредена на 190 милиони евра. Професор Никола Поповски вели дека доколку се веродостојни информациите, дефицитот веќе сочинува два од предвидените 2.5 проценти од бруто домашниот
производ.
„Штом за првите шест-седум месеци стигнал 150, значи дека буџетскиот дефицит е веќе потрошен и дека во втората половина од годината владата нема да има големо право на дефицит. Да појасниме само дека дефицит се оние средства што владата ги троши над тие што ги собира преку даноци, значи собира даноци на едно ниво, меѓутоа троши многу повеќе од тоа и тоа го финансира со кредити и практично владата ја задолжува државата со цел да има пари да троши во тековната година.“
Народната каса примарно се полни од даноци и придонеси. Од Министерството за финансии ги информираа медиумите дека остварените приходи се во согласно со плановите за месец јули. Поповски вели дека можно е владата да потрошила многу пари за изборите:
„Втората опасност е да продолжи со дефицит и во втората половина од годината за што ќе и треба во секој случај ребаланс на буџетот за да го прошири дефицитот меѓутоа ако оди нагоре од 2% на 3% или повеќе, тоа би било веќе соодветна опасност бидејќи задолжување на државата за да се троши дефицитот е опасност.“
Од опозицијата забележуваат дека власта нерамномерно трошела во изборната година. Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски вели:
„Во предизборието имаше скок на трошењето и тоа логично е сега веќе и да почнува да се покажува во поглед на вкупниот износ на потрошени средства и она што е предвидено да биде големина на дефицитот за цела година.“
Власта треба да ги ревидира трошоците, вели Јовановски:
„И најдомаќински да ги скрати сите оние трошоци коишто навистина не се неопходни за до крајот на годината и исто така паралелно со тоа владата треба да направи еден пакет на евентуални антикризни мерки кои што би биле активирани во случај да ескалира во негативна насока она што се случува во европските економии.“
Кон ова и информацијата за намалениот кредитен рејтинг на земјава, кој според упатените ќе го отежне задолжувањето во странство. Во игра останува домашното задолжување, што би било спротивно на заложбите за намалување на притисокот врз приватниот сектор.
Штом за првите шест-седум месеци стигнал 150, значи дека буџетскиот дефицит е веќе потрошен и дека во втората половина од годината владата нема да има големо право на дефицит.
производ.
„Штом за првите шест-седум месеци стигнал 150, значи дека буџетскиот дефицит е веќе потрошен и дека во втората половина од годината владата нема да има големо право на дефицит. Да појасниме само дека дефицит се оние средства што владата ги троши над тие што ги собира преку даноци, значи собира даноци на едно ниво, меѓутоа троши многу повеќе од тоа и тоа го финансира со кредити и практично владата ја задолжува државата со цел да има пари да троши во тековната година.“
Народната каса примарно се полни од даноци и придонеси. Од Министерството за финансии ги информираа медиумите дека остварените приходи се во согласно со плановите за месец јули. Поповски вели дека можно е владата да потрошила многу пари за изборите:
„Втората опасност е да продолжи со дефицит и во втората половина од годината за што ќе и треба во секој случај ребаланс на буџетот за да го прошири дефицитот меѓутоа ако оди нагоре од 2% на 3% или повеќе, тоа би било веќе соодветна опасност бидејќи задолжување на државата за да се троши дефицитот е опасност.“
Од опозицијата забележуваат дека власта нерамномерно трошела во изборната година. Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски вели:
„Во предизборието имаше скок на трошењето и тоа логично е сега веќе и да почнува да се покажува во поглед на вкупниот износ на потрошени средства и она што е предвидено да биде големина на дефицитот за цела година.“
Во предизборието имаше скок на трошењето и тоа логично е сега веќе и да почнува да се покажува.