Крушево е подготвено за почетокот на зимската туристичка сезона. Крушевчани, сопственици на објекти во приватно сместување, велат дека ги реновирале апартманите и собите и сега нудат многу подобри услови за туристите.
Угостителите нудат прекрасен и превкусен избор на крушевски специјалитети на скара, канат со широко отворени раце и крушевски локум нудат за добредојде.
„Сместувачките капацитети се подготвени и како еснаф сме поорганизирани за да ги пречекаме гостите. Располагаме со околу 2.000 кревети, дел хотелско сместување, апартмани и вили, остатокот е приватно сместување. Цената на ноќевањето е во зависност од периодот и условите кои се нудат, најчесто се движи од 400 денари, па нагоре, достигнува и во убавите хотели од 1.500 до 2.000 денари ноќевање со појадок“, вели Мишко Христоски, претседател на „Вила Гора“, здружение на издавачи на соби во приватно сместување.
Од здружението истакнуваат дека опремувањето на вилите е со цел, да се привлечат што повеќе гости, љубители на зимските спортови. Лани многу туристи за прв пат го посетиле Крушево, па се надеваат дека и годинава истите ќе се вратат, но ќе донесат и нови посетители. Бројот на туристи се надеваат ќе се зголеми за два или три пати во однос на лани, поточно очекуваат околу 20.000 ноќевања во текот на следните 60 денови.
„Тука се и пропратните услуги кои ги нудат мештаните: изнајмување на ски-опрема, бенефитите на сите угостителски објекти, маркетите, помалите продавници“, додава Христоски. Од локалната самоуправа посочуваат на бројни инвестиции во подобрување на условите за скијање, во уредување на ски патеките, со средства од Владата, ресорните министерства во соработка со ЕЛЕМ и МЕПСО.
„Спортско рекреативниот центар Станиќ, прв пат по 30 години се реновира и почнува да се инвестира, се гради патека за сноуборд, таа патека ќе може да ги привлече, оние поекстремните туристи кои сакаат да дојдат во Крушево, таму се гради и вештачко езеро. Се гради и линија за вештачки топови за заснежување, да имаме и вештачки снег, да не зависиме од временските услови, да се зголеми туристичката сезона, да трае повеќе од тие стандарди 30 дена“, истакнува градоначалникот Васко Дамчески.
Како што вели туризмот е гранка која полека, споро се развива. Засега Крушево не е ни спремно за масовен туризам, но вели позитивен тренд е тоа што сите даватели на соби ги преуредуваат, квалитетно ги уредуваат за туристите, за да бидат позадоволни, а секако бенефитот ќе го ефектуира целиот град.
„Сите оние вили кои се изградија последните години придонесоа за поквалитетно туристичко презентирање на самата Општина, и инфраструктурните проекти и спортско рекреативниот центар Станиќ, како што напоменав и спортско рекреативниот центар Гумење, за презентирање на другите спортски објекти ја зголемуваат таа туристичка понуда. Крушево е еден бисер во Македонија, кој е добро да биде посетен, затоа туристите го сакаат, со неговата архитектура, култура, традиција, добрата храна, гостопримството кое го имаат крушевчани, се се тоа, показатели и причини зошто туристите би доаѓале во нашиот град“, акцентира градоначалникот Дамчески.
Според проектот на скијачките терени ќе се постават брендирани објекти и за топли напитоци, ќе се направи пат во должина од еден ипол километар и ќе се создадат оптимални услови за развој на скиспортовите.
Сместувачките капацитети се подготвени и како еснаф сме поорганизирани за да ги пречекаме гостите. Располагаме со околу 2.000 кревети, дел хотелско сместување, апартмани и вили, остатокот е приватно сместување. Цената на ноќевањето е во зависност од периодот и условите кои се нудат, најчесто се движи од 400 денари, па нагоре, достигнува и во убавите хотели од 1.500 до 2.000 денари ноќевање со појадок.Мишко Христоски, претседател на „Вила Гора“, здружение на издавачи на соби во приватно сместување.
Угостителите нудат прекрасен и превкусен избор на крушевски специјалитети на скара, канат со широко отворени раце и крушевски локум нудат за добредојде.
„Сместувачките капацитети се подготвени и како еснаф сме поорганизирани за да ги пречекаме гостите. Располагаме со околу 2.000 кревети, дел хотелско сместување, апартмани и вили, остатокот е приватно сместување. Цената на ноќевањето е во зависност од периодот и условите кои се нудат, најчесто се движи од 400 денари, па нагоре, достигнува и во убавите хотели од 1.500 до 2.000 денари ноќевање со појадок“, вели Мишко Христоски, претседател на „Вила Гора“, здружение на издавачи на соби во приватно сместување.
Од здружението истакнуваат дека опремувањето на вилите е со цел, да се привлечат што повеќе гости, љубители на зимските спортови. Лани многу туристи за прв пат го посетиле Крушево, па се надеваат дека и годинава истите ќе се вратат, но ќе донесат и нови посетители. Бројот на туристи се надеваат ќе се зголеми за два или три пати во однос на лани, поточно очекуваат околу 20.000 ноќевања во текот на следните 60 денови.
Крушево е еден бисер во Македонија, кој е добро да биде посетен, затоа туристите го сакаат, со неговата архитектура, култура, традиција, добрата храна, гостопримството кое го имаат крушевчани, се се тоа, показатели и причини зошто туристите би доаѓале во нашиот град.Васко Дамчески, градоначалник на Крушево.