Достапни линкови

Голема врева за мало зголемување на бројот на туристи


Плажа во Охрид.
Плажа во Охрид.

Резултатот од оваа сезона покажува мало зголемување на странските туристи и пад на домашните посетители.

Неодамна, зголемувањето на парите што се вложуваат во развојот на туризмот што го најави владата предизвика само споредни реакции во туристичката заедница, меѓу туристичките работници и во јавноста. Според најавите, владата наредната година ќе инвестира три милиони евра. Резултатот од оваа сезона покажува мало зголемување на странските туристи и пад на домашните посетители.
Се прават некои спотови. Состанок сме имале со премиерот. Колку не слушаат нас туристичките работници, тоа е друго прашање. Меѓутоа пак нешто се прави. Субвенциите колку толку олеснуваат. Меѓутоа две работи се неопходни - инфраструктурата и хигиената. Во тоа владата треба да инвестира.
Миле Спировски, претседател на Агенцијата на туристичките работници.

Со што може да се објаснат недоволно видливите ефекти од она што досега се најавуваше дека се прави преку состаноци, спотови и субвенции кои им се даваат на тие што ќе донесат гости од странство. Очигледно постојат подлабоки причини за неразбирањето на важноста каде треба да се инвестира. Најважно, како што смета Миле Спировски, претседател на Агенцијата на туристичките работници, е владата да почне да вложува во инфраструктурата и хигиената.

„Се прават некои спотови. Состанок сме имале со премиерот. Колку не слушаат нас туристичките работници, тоа е друго прашање. Меѓутоа пак нешто се прави. Субвенциите колку толку олеснуваат. Меѓутоа две работи се неопходни - инфраструктурата и хигиената. Во тоа владата треба да инвестира.“
Секој ден доаѓаат инспекции, пишуваат пријави, се плаќаат казни. И како ќе развиваме туризам. Нека каже власта во што инвестира во Трпеица. Не може вака туризам да има.
жител на Трпеица.

Еве за што друго исто така се работи. Како вие ќе донесете домашни туристи во Охрид кога градот се претвора во вистинско градилиште. Лесно се добиваат градежни дозволи и со тоа сами го расипуваме тоа што го имаме. Проблемот е во тоа што никој ништо сериозно и одговорно не прави во смисла на развој на туризмот, вели Спировски.

„Во Охрид се градат станови на секој квадратен метар. Во други градови кои се вакви дестинации многу тешко се добиваат дозволи.“

Едно од објаснувањата е дека најголем дел од тие кои се повикани да одлучуваат, за нив улогата на туризмот е фраза. Дека политичките партии настојуваат да остварат влијание над оваа гранка тое е познато. На кој начин тоа го прави можеше да се види во неколку наврати во Охрид преку честите препирки меѓу локалната и централната власт.

Мештаните велат дека вложувањата што се прават не ги задоволуваат потребите на луѓето кои живеат од туризам. Пример за ова е селото Трпеица. Луѓето неколку години се жалат дека, иако имаат поглед кон планина и кон езеро, нерешеното прашање со септичките јами не им дозволува на туристите да се разладат покрај езеро. За вакви важни и тешки теми мудро молчат и централната и локалната власт, вели жител на Трпеица.

„А Охридското Езеро е заштитено од УНЕСКО. А доаѓаат, земаат пари секој ден, секој ден доаѓаат инспекции, пишуваат пријави, се плаќаат казни. И како ќе развиваме туризам. Нека каже власта во што инвестира во Трпеица. Не може вака туризам да има.“

Најверојатното објаснување се состои во тоа дека проблемот што е најголем е дека тие кои имаат мандат и се повикани да одлучуваат за развој на туризмот таквата стратешка економска и културна улога на туризмот ни општо ни во детали не ја разбираат.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG