Достапни линкови

Ќе има ли скијање на Галичица?


Галичица.
Галичица.

Дали проектот за зимско рекреативен центар на Галичица конечно ќе стане реалност или повторно ќе остане само на предизборни ветувања?

Приказната за зимски скијачки центар на планинската убавица Галичица за охриѓани може повторно да стане реалност. Сите карти се отворени, бидејќи владата неодамна ја поддржа идејата на Хотелската асоцијација на Македонија за изградба на ски центар по пат на јавно приватно партнерство. Проектот стар повеќе од три децении за првпат беше реафирмиран во 2006 година. Но од тогаш до денес се сведе само на политички ветувања пред секои избори. Претседателот на хотелиерите Дончо Таневски се надева дека тоа овојпат нема да се случи.
Одредени простори кои Галицица ги нуди за развој на зимските спортови се оние патеки кои уште од порано се одмерувани. Првата патека има височина од 855 метри, а втората од 755 метри. Тие се доста стрмни и се погодни за повисоките категории скијачи. Постојат можности за лоцирање и на други патеки. Вкупната траса за скијачки патеки изнесува 2.650 метри.
Тони Симоновски, туризмолог.

„Ние не сме политичка партија. Преку изградбата на центарот и владата ќе има бенефит во буџетот“, рече Таневски.
Тони Симоновски, туризмолог.
Тони Симоновски, туризмолог.

Според првичните проценки, за реализација би биле потребни околу 4 до 5 милиони евра. Инаку на Галичица предвидено е да се изградат ски-патеки во должина од 12 километри, 8 ски лифтови, жичарница во должина од 2.000 метри која најверојатно би почнувала од Трпејца, еден прифатен центар, неколку монтажни објекти, ресторани и бачила. За сместување ќе се користат постоечките хотелските објекти кои се наоѓаат во подножјето.

Туризмологот Тони Симоновски, инаку добар познавач на приликите на Галичица, вели дека планината расплага со одлични услови за развој на зимскиот туризам бидејќи снегот овде се задржува и до почетокот на јуни.
За нас е нејасно како некој може да си земе за право да планира простор, да гради, да руши, да буши, а пред тоа да не се консултира со установата која управува со тоа подрачје.
Зоран Ангеловски, директор на Националниот парк Галичица.

„Одредени простори кои Галицица ги нуди за развој на зимските спортови се оние патеки кои уште од порано се одмерувани. Првата патека има височина од 855 метри, а втората од 755 метри. Тие се доста стрмни и се погодни за повисоките категории скијачи. Постојат можности за лоцирање и на други патеки. Вкупната траса за скијачки патеки изнесува 2.650 метри“, вели Симоновски.

Тој препорачува за почеток да се реконстурира некогашниот скијачки центар во делот на Отешево на надморска височина помеѓу 1.450 до 2.140 метри. Овде во 70-те години на минатиот век функционирала жичарница двосед и три ски лифитови, а местото неделно го посетувале и по неколку илјада гости. Од сето тоа денес се останати само металните столбови. Се замрело поради еден немил настан кога изгорел објект на феријалниот сојуз.

Професорот на факултетот за туризам Зоран Тунтев повикува инволвираните страни да не очекуваат којзнае каков бенефит во првите неколку години.

Директорот на Националниот парк Галичица Зоран Ангеловски вели пред нешто да почне да се прави треба да се направи добра анализа

„За нас е нејасно како некој може да си земе за право да планира простор, да гради, да руши, да буши, а пред тоа да не се консултира со установата која управува со тоа подрачје“, вели Анѓеловски.

И од Локалната самоуправа во Охрид ја поддржуваат идејата за изградба на скијачки центар на Галичица. Тоа ќе биде можност Охрид да има туристи во текот на целата година. Доколку проектот помине низ сите потребни институции тогаш би бил распишан и меѓународен јавен тендер.
XS
SM
MD
LG