Достапни линкови

Годинава во Охрид повеќе странци


Годинашната туристичка сезона се очекува да е подобра од ланската и да има повеќе странски туристи во Охрид. Ако се суди по посетеноста за Велигденските и Првомајски празници и според најавите, и летово најчести ќе се гостите од регионот, најмногу од Србија, Бугарија, Грција,Албанија и Словенија, ќе има повеќе од десет илјади Холанѓани, Италијанци и други Европјани, како и гости од прекуокеанските земји и далечниот исток, кои веќе шетаат низ Охрид.
Ние го сакаме Охрид, како мирно, привлечно и безбедно место, каде не се чувствуваме како странци и никој не ја спомнува политиката.


„Пријатно сум изненадена од чистотата, природата, прекрасното Охридско Езеро, националниот парк Галичица, Свети Наум, црквите, историските споменици и гостопримството на луѓето. Повеќе пати сум била и секојпат одново се воодушевувам од Охрид, кој ни стана омилена дестинациј. Нашите посети беа во извесна стагнација поради некои инциденти, но сега Грците повторно се враќаат во Охрид. Кога би се решил политичкиот проблем за името што тежи со години, би била послободна и комуникацијата меѓу двете земји, чии народи немаат никакви проблеми. Ние го сакаме Охрид, како мирно, привлечно и безбедно место, каде не се чувствуваме како странци и никој не ја спомнува политиката“, велат туристи од Грција кои се враќаат масовно по традиција за поголемите верски и државни празници во Охрид.

Охрид

„Многу се убави земјата и луѓето. Прв пат сум во Охрид за кого не знаев многу, се информирав преку интернет, ако ми се допадне ќе дојдам пак. Впечатокот е топол, гостопримството на народот и природните убавини ме привлекоа тука. Познато е езерото во Охрид, за кој сме сме чуле од книгата на А ден Долард. По Грција и Турција, сакаме да ги откриеме убавините на Македонија, каде и цените на аранжманите и рестораните се привлечни“, велат туристи од првите поголеми организирани групи со Холанѓани, набројни меѓу странците минатиот век на ривиерата, кои го обновија традиционалното пријателство со Охрид.

По неколкуте инциденти на насилство со шишиња, ножеви и пиштоли, минатиот викенд, кога во 24 часа, кај Охридските објекти за забава се случи и обид за убиство со тешко повредено лице, чии сторители полицијата ги пронајде, од таму велат дека безбедноста во градот е стабилна, а инцидентите изолирани.
Воопшто не треба да размислуваме дека во Охрид има некакви тајфи или некакви други групи кои што предизвикуваат насилие. Се работи за изолирани случаи на неколку луѓе кои претпоставувам дека мислат дека се над законот.


„Воопшто не треба да размислуваме дека во Охрид има некакви тајфи или некакви други групи кои што предизвикуваат насилие. Се работи за изолирани случаи на неколку луѓе кои претпоставувам дека мислат дека се над законот. Но за нас е небитно за кого станува збор, зошто она што ние го имаме како примарна обврска е да го реализираме секое нарушување и ние тоа го правиме. Воопшто овие нарушувања не треба да се ставаат во контекст на некакво нарушување на мирот и безбедноста во градот. Сакам да потенцирам дека основната определба на полицијата е дека во оваа летна сезона ние ќе бидеме многу поприсутни на теренот, по угостителските објекти, односно во и околу угостителските објекти во централното градско подрачје и во останатите делови на градот“, вели Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.


Според него, за подобар ред и мир во градот треба угостителите повеќе да соработуваат со пријавување на проблемите, а за безбедноста на граѓаните и гостите се грижи и мобилна полициска велосипедска патрола, која е атракција за туристите.
XS
SM
MD
LG