Охрид посебно во летниот период, туристичката сезона и за празниците, но и во останатиот дел од годината, мака мачи со проблемот на големата бучава, што според мерењата на одредени места во градот и ривиерата често е над дозволената граница од 55 децибели, што некогаш достигнува до 90 и 100 децибели, што е речиси двојно над максималното ниво. Граѓаните кои се бунат и велат дека не се живее околу кафулињата, рестораните, отворените тераси, плажите, ноќните клубови и дискотеките, од што немаат сон и се неспособни за секојдневните обврски, им префрлуваат на надлежните инспекции и полицијата, дека не ги санкционираат прекршителите на прописите за дозволената бучавост.
„Моите деца одат во училиште и поради бучавата до два часот по полноќ , утредента не можат да станат наутро да ги извршуваат своите обврски, не можат да учат за тестовите, нарушено ни е целосно живеењето. Јас немам друг дом, каде да одам, а сите ни велат одете на друго место во лето, издавајте ја куќата. Сум инвестирала во апартмани, а туристите си одат, ни бегаат. Бучавата во спалната соба е до 62 децибели, не е возможно за живеење.“
„Животот во Пештани наликува на селска буна, благо речено, тоа е урнебес, како во Шутка. Се галами, од музика, до тапани и на тенеќе тропаат, работно време не е ограничено, ниту гласноста. А полицијата е сместена на само неколку метри од мене и од кафеаните. Вложив толку многу пари за апартмани, со надеж дека и јас ќе имам некоја корист од туризмот. И парите ги потрошив и се разболев, два месеци да не спиеш, прозорците да се тресат, е ненормална работа. Тие што треба да го санкционираат проблемот не преземаат ништо, си тераат по свое“, велат жители на стариот дел од Охрид и туристичкото село Пештани.
Заедно со градскиот плоштад, центарот, главните сообраќајници и Лагадин, тоа се црните места на бучавоста, за што во општина Охрид за прв пат во држава беше презентиран петгодишниот акционен план и прогама за управување со бучавата.
„Најбитно е да се ограничи работното време, да се направи правилен распоред на објектите, чии кумулативни ефекти од работењето нема да бидат толку многу изразени во однос на влијанието врз здравјето на луѓето, што е најзначајно“, вели Менка Спироска, директор на друштвото за еколошки консалтинг, компанија од Скопје, изготвувач на планот.
„И граѓаните се во право, но и ние угоститлите мора некако да опстанеме. Јас и семејството живееме од оваа дејност. Неодамна инвестирав за звучна изолација висока сума пари, со што од 103 децибели бучава, последното мерење покажа 41 децибел, што е огромна разлика од намалени 60 децибели. Од друга страна, прашувам како да им кажеме на гостите кои седат на терасата, дека треба да шепотат, и тие прават некаква бучава. После два часот кога се затвораат објектите, луѓето се шетаат во паркот седат на клупите, свират со гитари, пеат, така да мислам дека скратување на работното време нема да може да го спречи проблемот“, вели Павел Карајлиев, сопственик на кабаре во Охрид што работи само во ноќните часови.
Регулирање на проблемот со големата бучава е со урбанистички планови, еколошките дозволи, контрола на сообраќајот и други мерки во надлежност на локалната и централната власт, со што се бара изолација и дислокација на бучните локали и баланс на работното време меѓу угостителските и трговските објекти во Охрид.
Моите деца одат во училиште и поради бучавата до два часот по полноќ , утредента не можат да станат наутро да ги извршуваат своите обврски, не можат да учат за тестовите, нарушено ни е целосно живеењето.
„Моите деца одат во училиште и поради бучавата до два часот по полноќ , утредента не можат да станат наутро да ги извршуваат своите обврски, не можат да учат за тестовите, нарушено ни е целосно живеењето. Јас немам друг дом, каде да одам, а сите ни велат одете на друго место во лето, издавајте ја куќата. Сум инвестирала во апартмани, а туристите си одат, ни бегаат. Бучавата во спалната соба е до 62 децибели, не е возможно за живеење.“
Вложив толку многу пари за апартмани, со надеж дека и јас ќе имам некоја корист од туризмот. И парите ги потрошив и се разболев, два месеци да не спиеш, прозорците да се тресат.