Дел од кафеаните, кафулињата и рестораните под клуч, дел од нив не го почитува 24 часовниот штрајк и денеска ги отворија своите објекти. Од туристичко-угостителската комора кои се организатори на штрајкот велат дека тоа и го очекувале, тие прогнозираа дека повеќе од половина од угостителите ќе се вклучат во штрајкот. Законот кој започна да се применува од почетокот на годинава, предвидува целосна забрана за пушење во кафеаните, кафулињата и дискотеките. А не смее да се пуши ниту во отворените летни бавчи на кафеаните и кафулињата. За непочитување на законот следуваат огромни парични казни – за кафеаните, за нивните шефови, но и за гостите. Угостителите се жалат на намален промет и се заканија дека ако не се направат измени во законот ќе отпуштаат работници.
„Би требало владата да не согледа нас како угостители, многу и значиме на оваа економија и 80 проценти од нашите потрошувачи се пушачи,“
вели еден угостител.
На дваесетина дена од применувањето на законот се јавија и политичарите. Пратеничката група од ВМРО-ДМПНЕ ќе поднесе барање со кое пушењето треба да се дозволи во летните бавчи од март до октовмри во текот на годината. Со свои предлози излезе и пратеникот Владо Буџковски од СДСМ, и пратениците од ДУИ и НД.
Аналитичарите во целата приказна гледаат борба на партиите за повеќе гласови. Комуникологот Климе Бабунски вели дека зачудува тоа што за истите политичари сега пред здравјето на луѓето го ставаат профитот на угостителите.
„Секогаш политичарите ќе тврдат дека прават нешто во корист на јавното добро, но истовремено водат сметка и за некои парцијални или тесни интереси. Не знаеме кои се резултатите од примената на законот, а веќе се изложени на притисок на разни лоби групи.“
За Комората, на угостители најприфатлив модел кој би можел да се примени е оној што се практикува во Шпанија и Португалија каде е дозволено пушење на летните тераси, а во затворените објекти е 70 отсто за непушачи и 30 отсто за пушачи со тоа што во овој случај би се зголемил бројот на вентилациските системи во објектот.
Би требало владата да не согледа нас како угостители, многу и значиме на оваа економија и 80 проценти од нашите потрошувачи се пушачи
„Би требало владата да не согледа нас како угостители, многу и значиме на оваа економија и 80 проценти од нашите потрошувачи се пушачи,“
вели еден угостител.
Секогаш политичарите ќе тврдат дека прават нешто во корист на јавното добро, но истовремено водат сметка и за некои парцијални или тесни интереси. Не знаеме кои се резултатите од примената на законот, а веќе се изложени на притисок на разни лоби групи.