Популарно наречениот закон против пушењето и во Охрид предизвика бура реакции. За непушачите чистиот воздух во рестораните и кафулињата е вистински рај, а за пушачите кафето и алкохолот без цигара е еднакво на пекол. По новогодишните празници и Водици, и намалената посетеност на Охрид, газдите на угостителските објекти сега стравуваат од бранкрот, а пушачите велат дека здравјето ќе го загубат пушејќи на ниските зимски температури пред кафулињата.
,,Сопственик сум на кафе бар во Охрид, каде прометот во споредба со лани сега е за половина намален. Сеуште не сум отпуштила никого од работа, но доколку не се смени нешто, за жал ќе морам и од вработените половината да ги отпуштам. Во ред е заштита, но никако на овој начин. За мене сто процентна забрана е сто постотна дискриминација. Пушач сум и ќе се откажам од цигари, само тогаш кога сама ќе решам за тоа. Доколку пак институциите на системот толку многу се грижат за моето здравје, мислам дека треба да ги подобрат очајните услови за лекување во болниците. Без посебни простори запушачи, законот не е воопшто Европски. Зошто забраната се однесува и на пушење на чист воздух, никако да разберам"
вели Енис Хилми, сопственик на кафуле на Охридскиот плоштад.
,,Јас не сум пушач, ама мислам дека е добра идеа, и вака е подобро сто посто."
,,Ако ме прашате мене вака е фантастично, бидејќи одамна не консумирам цигари и секоја чест на владата што го спроведе овој закон."
,,На први јануари 2008 бев во Берлин, кога стапи на сила нивниот закон и преку ноќ пушачите се префрлија на терасите на објектите,кои беа одлично опремени со греачи и со ќебиња. Потоа следеше поделба на кафулињата на пушачки и непушачки. Годинава законот ме затекна во Македонија и апсурдно е што не смее да се пуши на терасите и што нема посебни простории или кафиќи за пушачите. Токму поради тоа одбирам да си останам дома,а за жал привлечната социјализација на овие простори, позната како институција кафе недвојбено замира"
,,Срамота е, сметам дека не смее да ми се ускрати задоволството да пушам цигари во кафеаните и другите угостителски објекти. Откако се воведе забраната не излегувам воопшто. Бев обожавател да седнам во кафеана, да се напијам, да запалам цигара и сега тоа задоволство ми е скратено."
Велат со спротивставени ставови непушачите и пушачите. Какво е мислењето на странските туристи ?
,,Пушењето се забрани во многу земји во светот, па и во Турција, во Истанбул, каде тоа се почитува во сите ресторани и кафичи, но дозволено е пушење на нивните тераси и во дворови. За мене чудно и апсурдно звучи забраната на пушењето во туристички град како Охрид, каде и угостителите и гостите се ставени пред свршен чин и без избор. "
вели гостин од Турција. Еден сопственик на неколку кафулиња, ресторан, плажа и дискотека во Охрид, кој најави затворање на најголемиот локал за ноќна забава, поради неможност за контрола на пушачите и страв од високите казни, смета дека се неопходни измени на Законот за заштита од пушењето.
,,Ние го поддржуваме законот, кој треба да се применува но со измени. Во затворениот дел од објектите нека не се пуши, но речиси сите објекти имаат тераси. Таму на отворен простор, логиката зборува дека треба да се пуши. Помали или поголеми објекти, или угостителски објекти со специјални лиценци за кои ќе се плаќа, треба нив да ги класифицираат за пушачи или за непушачи. И така секој ќе си има своја стратегија за работа"
вели Ерхан Сулејманоски, сопственик на комплекс од угостителски објекти во Охрид, каде досега не е изречена ниту една казна за непочитување на законот.Охридскиот угостителски еснаф е единствен во ставот дека Законот против пушењето е премногу ригорозен и тешко применлив и дека тој итно треба да се смени, за што предлози готват ВМРО ДПМНЕ И СДСМ, а угостителите бараат и тие со свои предлози и мислења активно да се вклучени во изработка на законските измени.
Сопственик сум на кафе бар во Охрид, каде прометот во споредба со лани сега е за половина намален. Сеуште не сум отпуштила никого од работа, но доколку не се смени нешто, за жал ќе морам и од вработените половината да ги отпуштам.
,,Сопственик сум на кафе бар во Охрид, каде прометот во споредба со лани сега е за половина намален. Сеуште не сум отпуштила никого од работа, но доколку не се смени нешто, за жал ќе морам и од вработените половината да ги отпуштам. Во ред е заштита, но никако на овој начин. За мене сто процентна забрана е сто постотна дискриминација. Пушач сум и ќе се откажам од цигари, само тогаш кога сама ќе решам за тоа. Доколку пак институциите на системот толку многу се грижат за моето здравје, мислам дека треба да ги подобрат очајните услови за лекување во болниците. Без посебни простори запушачи, законот не е воопшто Европски. Зошто забраната се однесува и на пушење на чист воздух, никако да разберам"
вели Енис Хилми, сопственик на кафуле на Охридскиот плоштад.
,,Јас не сум пушач, ама мислам дека е добра идеа, и вака е подобро сто посто."
,,Ако ме прашате мене вака е фантастично, бидејќи одамна не консумирам цигари и секоја чест на владата што го спроведе овој закон."
,,На први јануари 2008 бев во Берлин, кога стапи на сила нивниот закон и преку ноќ пушачите се префрлија на терасите на објектите,кои беа одлично опремени со греачи и со ќебиња. Потоа следеше поделба на кафулињата на пушачки и непушачки. Годинава законот ме затекна во Македонија и апсурдно е што не смее да се пуши на терасите и што нема посебни простории или кафиќи за пушачите. Токму поради тоа одбирам да си останам дома,а за жал привлечната социјализација на овие простори, позната како институција кафе недвојбено замира"
Јас не сум пушач, ама мислам дека е добра идеа, и вака е подобро сто посто.