Еко инцидентот со излеаната нафта или бензин минатиот месец и оној со излеаниот мазут пред една година во Охридското Езеро во строгиот центар на градот кај пристаништето, алармираат за опасностите кои демнат од загадувачите предизвикани од човекот. И лани и сега виновен е непознат сторител, против кого се поднесени кривични пријави, што наведува дека може и двата инциденти да немаат епилог со откриени и казнети загадувачи. Неофицијално нафтата сега била истурена од некој од бродовите во пристаништето, а мазутот лани од котел за парно греење преку канализациска шахта. И додека ова се истражува и тешко или воопшто не се докажува, трпи езерото, растителниот и животинскиот свет, но за среќа водата и сега е со добар квалитет во најголемиот дел од крајбрежниот појас.
,,Секое загадување има свое влијание врз животната средина, ако ништо друго покривањето со бензин и нафта на езерото го смалува движењето на кислород и неговата размена со надворешната средина и секако дека тоа влијае барем на оние микроорганизми кои што се најситни во езерската вода. Ние констатиравме дека водата е од прва и втора класа, според параметрите кои ги работевме и не констартиравме дека има некои подлабоки влијанија врз растителниот и животинскиот свет, затоа и не се направи подлабока анализа.“
вели Сашо Точков, специјалист по санитарна хемија во Центарот за јавно здравје во Охрид, што константно го испитува квалитетот на водата во Охридското Езеро. Според Точков, резултат напоголемо загадување би било изумирање на почувствителните риби, поради што тој апелира и на внимателност со пловните објекти, чиј број во Охрид рапидно се зголеми на околу 250 чамци и пет поголеми бродови.
,,На некој начин сите импровизираат со ставањето на гориво во нивните резервоари, затоа што нема соодветна бензиска станица или пумпа за ставање гориво во бродовите, така што треба големо внимавање и потребно е да се води сметка од страна на сопствениците на бродовите кога се става горивото да не дојде до поголеми инциденти. Инаку, и во текот на минатите години, секоја година се појавувале дамки на секаде во езерото, поради користењето на двотактните мотори, кои навистина го загадуваат езерото и кои користат нафта, бензин, чии издувни гасови и материи кои се исфрлаат секако влијаат на еко системот, што сега не е видливо, но со тек на време ќе е значително.“
потенцира Точков, кој се залага за користење на еколошки мотори кои не ја загадуваат водата, што кај нас сеуште не е законски пропишано или на чамци со веслање. Најголеми загадувачи на Охридското Езеро и натаму се реките Грашница, Коселска, Сатеска и Велгошка, во чиј слив водата е од трета, четврта и петта класа, а црни еко точки се стариот дел на градот кај Света Софија, каде куќите не се приклучени на канализацискиот и колекторски систем, што е случај и со објектите од Пештани до Свети Наум. Точков апелира на повисока еколошка свест, едукација на младите, зголемување на капацитетот на колекторскиот систем и стопирање на агресивната урбанизација на Охрид,што го атакува и езерото.
,,Пракса или случување во светот е олиготрофните езерата кои што се природни, кои имаат голема моќ на самопрочистување, оние кои што не воделе сметка за тие езера, постануваат бари. Езера без кислород, кои си го изгубиле растителниот и животински свет, кои во некое идно време ќе можат да се користат само за ловење на неквалитетна риба, а да не зборувам за капење и рекреација. Не можам тоа да го предвидам кога би се случило, но загадувачите што го оптоваруваат Охридското Езеро, и тоа што може да делува на езерскиот еско систем, постојат, ги имаме, секојдневно го гледаме тоа, за што 20 години зборуваме, а не се решава и поправа.“
вели Сашо Точков, кој бара поригорозни инспекциски мерки за заштита на Охридското Езеро за спас на животната средина, за доброто на граѓаните и привлекување на гостите, и за зачувување на Охрид како туристички бисер.
Секое загадување има свое влијание врз животната средина, ако ништо друго покривањето со бензин и нафта на езерото го смалува движењето на кислород и неговата размена со надворешната средина и секако дека тоа влијае барем на оние микроорганизми кои што се најситни во езерската вода
,,Секое загадување има свое влијание врз животната средина, ако ништо друго покривањето со бензин и нафта на езерото го смалува движењето на кислород и неговата размена со надворешната средина и секако дека тоа влијае барем на оние микроорганизми кои што се најситни во езерската вода. Ние констатиравме дека водата е од прва и втора класа, според параметрите кои ги работевме и не констартиравме дека има некои подлабоки влијанија врз растителниот и животинскиот свет, затоа и не се направи подлабока анализа.“
вели Сашо Точков, специјалист по санитарна хемија во Центарот за јавно здравје во Охрид, што константно го испитува квалитетот на водата во Охридското Езеро. Според Точков, резултат на
На некој начин сите импровизираат со ставањето на гориво во нивните резервоари, затоа што нема соодветна бензиска станица или пумпа за ставање гориво во бродовите, така што треба големо внимавање и потребно е да се води сметка од страна на сопствениците на бродовите кога се става горивото да не дојде до поголеми инциденти