Ако проблемот со името ги подели граѓаните на предавници и патриоти, според власта, деновиве се случува уште едно расцепување на народното ткиво - за и против опозицијата, со протести и контра-протести, поточно, за и против планираниот Буџет за следната година, кој за опозицијата е прекумерен и наменет за непродуктивни трошоци на Владата.
По информацијата на колешката Младеновска, „Лакрдија од контра-протести“ редовниот МКД напишал дека и протестите и контра-протестите се пилотирани од политички партии и од меѓународни интереси, а тие што протестираат честопати и не знаат дека се манипулирани, а за Иван текстот е е добар и реално ја отсликува состојбата кај нас.
„Кој ќе ќари од блокадата на буџетот?“ е насловена аналазита на колешката Божиновска во која консултираните експерти сметаат дека ќарат и власта и опозицијата бидејќи случувањата во Собранието го одвлекуваат вниманието од застрашувачки закочените процеси, како на полето на евроинтеграциите, така и во сферата на економијата. Но, на Благоја од Прилеп му пречи што на СДСМ му се придава толкава важност и дека, како што коментира, ако биле способни за закони и буџети ќе останеле на власт. Владо од Скопје испратил коментар во кој покрај другото пишува дека бидејќи народот ја избрал оваа власт, таа била одговорна за се' што ќе направела, а ако погреши, вели, народот ќе реши на избори.
Јавноста е збунета, пишува колешката Тумановска во својата информација за суштината на кавгата за Буџетот. Меѓутоа, Владо од Скопје во својата порака пишува дека однесувањето на опозицијата водело во анархија и дека на народот му било доста од насилно, нецивилизирано и недолично однесување на лицата кои тој ги избрал и ги плаќал. Миле од Охрид исто така смета дека странски и домашни политичари работеле на дестабилизација на Македонија и дека на Црвенковски не му требала Македонија во која тој не можел да биде на власт.
Но Ѕвонко од Скопје на нашата веб-страница коментира: „Што е многу, многу е! Не сум засегнат со политиката, но ова е чист пример како се ползува власта“, вели Ѕвонко. „Во состојба е да ги сврти работите, а од друга страна народот и државата да ги турне во бездна“. Александар од Пела смета дека некој прави будала од овој народ и дека треба јасно и гласно да се каже дали во Буџетот навистина има предвидено пари за мебел, автомобили и за скапи патувања. „Ако е точно тоа што го кажува опозицијата, што спие овој народ, во годините што доаѓаат ќе нема леб да јаде!“, драматично ја завршува пораката Александар од Пела.
И протестите и контра-протестите се пилотирани од политички партии и од меѓународни интереси, а тие што протестираат честопати и не знаат дека се манипулирани.Коментар на читател.