Достапни линкови

Лакрдија од контра-протести


Протест на актери, музичари и уметници против опозицијата поради блокирање на буџетот во Скопје.
Протест на актери, музичари и уметници против опозицијата поради блокирање на буџетот во Скопје.

Земјоделки што произведуваат калинки за сопствена употреба, стечајци дотерани по последна мода, протести против постапки од минатото, а за тие од денес ќе се протестира „о том-по том“. Повеќе од три години во Македонија има контра-протести речиси за сè за што има протести.

Што е тоа протест, ако нема контрапротест? Некако во последните 2-3 години, тоа ни стана толку нормално, па контрапротести немаат само „небитните“ протести. Но во услови кога политичка дебата е обезвреднета не е ни чудно правото на протест да е девалвирано. Новоустановената практика на секој протест да се одговара со контрапротести започна со физичката пресметка околу изградбата на црквата на скопскиот плоштад. Потоа пресметката со ова оружје стана правило. Следеа контрапротестите на студентите на протестите на професорите, стечајците добија контра од Жртвите на транзицијата, АМАН доби од Изгор приватизација, контрапротести имаше и на протестите против полициска бруталност, а и на протестите на земјоделците, лекарите, тутунарите... Па така спонтано ќе се соберат маса на луѓе кои од ливче читаaт кои се и зошто протестираат, најчесто фаќајќи се во немилост на новинарите.

Сè започна на плоштадот Македонија

А сè започна во 2009-та со тепањето на студентите што протестираа против изградба на црква на скопскиот плоштад. Овој случај влезе во речиси сите меѓународни извештаи за слобода на говор и изразување мислење во Македонија. Амнести интернејшнал во тогашниот извештај наведе дека полицијата не успеа да заштити околу 150 студенти од нападот на голем број контрадемонстранти. Тогаш познати јавни личности, но и пратеници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа граѓаните да излезат на контрапротест за поддршка на изградба на црква на плоштадот.

Потоа на ред дојдоа професорите и студентите. Професорите излегоа на протести против измените во Законот за високо образование.

„Протестираме за слобода и автономија на Универзитетот Кирил и Методиј“, рече тогаш професор Гордан Калајџиев.
Универзитетски протести и контрапротести
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00
И веднаш се појавија студенти со транспаренти „сакаме да учиме“. Студентите кои тогаш им удрија контра на професорите не ни знаеја за што протестираат. Ги прашавме кои точно измени во Законот ги поддржуваат.
Поддржуваме повеќе измени во законот, а најмногу сме за да се вратат професорите, да им се намалат хонорарите и да имаме поквалитетно образование.
Анкетиран студент на контра-протести против универзитетските професори.
„Поддржуваме повеќе измени во законот, а најмногу сме за да се вратат професорите, да им се намалат хонорарите и да имаме поквалитетно образование.“

На секој протест се одговара со контра-протест

И минатогодишните протести против полициската бруталност добија свој противник. Двете групи меѓусебно се обвинуваат за политичка вмешаност во нивната цел.
Летово кога стечајците протестираа пред Собранието барајќи решение на животниот проблем, пред Собранието пристигнаа неколку здруженија на земјоделци и жртвите на транзиција незадоволни од политиките на СДСМ и на Бранко Црвенковски.
Летово кога стечајците протестираа пред Собранието барајќи решение на животниот проблем, пред Собранието пристигнаа неколку здруженија на земјоделци и жртвите на транзиција незадоволни од политиките на СДСМ и на Бранко Црвенковски.

„Ние не сме дојдени со цел политичко здружување или такви слични работи, како другите протести што имаат политички претставници, ние не сме никаква партија ниту зад нас стои некој член на политичка партија“, рече Билјана Тодороска од групата која протестираше пред СДСМ.
Одгледувам калинки, аааааа сливи и цвеќина. Калинките не ги продавам, туку ги употребувам за домашна употреба.
Анкетирана земјоделка.

Летово кога стечајците протестираа пред Собранието барајќи решение на животниот проблем, пред Собранието пристигнаа неколку здруженија на земјоделци и жртвите на транзиција незадоволни од политиките на СДСМ и на Бранко Црвенковски. Стечајците во стара и ветва облека со пропаднати лица, а земјоделците дотерани по последна мода. Стечајците зборуваа за својата мака.

„Работев 30 години, а сега немам за леб, за да јадам, жената ми е неспособна, јас неспособен.“

„Имам здравствени пробели, не можам да стојам, но морам да дојдам.“

„Мене децата да ми трпат за леб, тоа е тешко.“

Важно е да се протестира, не е важно за што

Оние другите не сакаа да одговорат за што протестираа. Но сепак се најде и јунак да објасни какви земјоделски производи одгледува.

„Одгледувам калинки, аааааа сливи и цвеќиња“, одговори една земјоделка.

На новинарско прашање дали е задоволна од продажните цени на овие производи, таа одговори:

„Калинките не ги продавам, туку ги употребувам за домашна употреба.“

И таман кога помисливме дека протестите на АМАН против поскапувањата ќе поминат без контра-протести се појави Изгор приватизација. Група граѓани „спонтано собрани“, кои за да кажаат против што протестираат извадија ливче за да прочитаат. На прашањето дали знаете колкав процент од поскапувањата на струјата оди за државните ЕЛЕМ и МЕПСО, а колку во ЕВН, тие одговорија:

„Како и да е, они меѓу себе имаат свој договор.“

Значи не знаете дека најмал процент од поскапувањето оди за ЕВН? А ќе протестирате ли за приватизацијата на ЕЛЕМ која што се подготвува?, ги прашаа новинарите.

„Тоа, отом – потом“, изјави една жена од граѓанската иницијатива „Изгор-приватизација“.

И така се редеа и тутунари и оризари, па на ред дојдоа и лекарите. Тие на протест пред влада, нивни колеги кои не го поддржуваа штрајкот, пред Министерството за здравство повикаа на разумност и побараа тие да се вратат во нивните ординации меѓу пациентите. За на крај да дојдат масовните протести на земјоделци, пензионери, социјалци пред седиштата на СДСМ, поради тота што, како што велат тие, СДСМ го кочи донесувањето на буџетот за следната година. И тие по веќе видената формула, „спонатано собрани“ со спремни ливчиња за изјава.

„СДСМ води дволична политика спрема земјоделците, пред народот зборува едно, а работи друго. Тие мислат дека ние не гледаме телевизија или не користиме интернет, па не знаеме што се случува во парламентот. Го повикуваме СДСМ да не го попречува донесувањето на буџетот.“

„Овде сме во чест на револт, да ја изразиме својата револтираност против СДСМ, кои на нивните трибини ветуваа се и сешто, а во парламентот работат друго“.

Последни од низата спонтани протести против кочењето на буџетот се протестите на уметниците.
Провладина драмолетка за буџетот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:52 0:00
СДСМ реагира на активирањето на контра-протести, владино-невладини организации и паралелни владини синдикати, организирани, велат, од власта. Од СДСМ на неколку пати реагираа на појавата на секој протест да се рагира со контрапротест, најчесто пред нивните седишта, како и на практиката на речиси секој протест да му се става етикета дека зад него стои опозицијата. Македонија можеби е единствена земја во светот во која власта организира протести насочени против сопствените граѓани, вели Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ.
Македонија можеби е единствена земја во светот во која власта организира протести насочени против сопствените граѓани, организира паралелни синдикати против вработените, организира невладини организации против цивилниот сектор. Единствен друг пример кој можеме да го посочиме се протестите и владините – невладини организации, кои ги организираше Слободан Милошевиќ, додека тој ја држеше власта во Србија.
Гордан Георгиев, СДСМ.
Земјоделци со трактори, пензионери, социјалци, протестираа мирно во центарот на Прилеп и пред седиштето на СДСМ. Тие побараат пратениците во Парламентот да го донесат буџетот за 2013 година.
Земјоделци со трактори, пензионери, социјалци, протестираа мирно во центарот на Прилеп и пред седиштето на СДСМ. Тие побараат пратениците во Парламентот да го донесат буџетот за 2013 година.

„Македонија можеби е единствена земја во светот во која власта организира протести насочени против сопствените граѓани, организира паралелни синдикати против вработените, организира невладини организации против цивилниот сектор. Единствен друг пример кој можеме да го посочиме се протестите и владините – невладини организации, кои ги организираше Слободан Милошевиќ, додека тој ја држеше власта во Србија“, изјави Георгиев.

ВМРО-ДПМНЕ се огради дека стои зад последниот бран на протести против опозицијата.
Така да последните собири и настани не можат да се сметаат како граѓански протести, туку само како една форма на политичка битка. Во Македонија ние се уште патиме од неможност да мобилизираме граѓански протести и граѓански активизам, а ваквите протести ја убиваат уште повеќе автентичната идеја на протестите.
Артан Садику, политички аналитичар и член на здружението Солидарност.

„Ние целосно го разбираме и сочуствуваме со незадоволството на граѓаните кои поради неодговорното однесување на СДСМ може да останат без нивната социјална помош. Исто како што на пензионерите им се заканува опасност да останат не само без најавеното покачување, туку и без редовната исплата на пензиите, студентите без стипендиите, компаниите без повратот на ДДВ, земјоделците без неопходните субвенции, работниците без редовната исплата на платите“, реагира од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Правото на протест одвеано со виорот
Протест на стечајците.
Протест на стечајците.

Се губи смислата на граѓанскиот сектор, а политичките партии сакаат да покажат дека не постои ништо надвор од нив. Тие меѓусебно се препукуваат, а граѓаните во целата приказна се само злоупотребени, велат аналитичарите. А од начинот на кој се користи правото на протест најголема штета се нанесува на затапувањето на јавната дебата за проблемите што очигледно постојат. Во науката, однесувањето кога проблемите се префрлаат на улица наместо во институциите или однесувањето по принципот протест-контрапротест се нарекува – антиполитика.
Протестите во Македонија стануваат еден вид лакрдија, не само што е тешко да се соберат луѓе, туку се вршат притисоци воопшто да не излегуваат таму, заштоа што би имале некакви последици за нивната работа, или за работата на блиските, од друга страна партии манипулираат со нивното членство, лушето најчесто и не знаат зошто се излезени на протест, меѓутоа слепо ги следат наредбите, затоа што се условени или уценети со некакви финансиски прашања или со работно место или со било како.
Васко Лазаревски, граѓанска иницијатива „АМАН“.

Пензионери протестираа мирно во центарот на Велес. Тие побараат пратениците во Парламентот да го донесат буџетот за 2013 година.
Пензионери протестираа мирно во центарот на Велес. Тие побараат пратениците во Парламентот да го донесат буџетот за 2013 година.
Политичкиот аналитичар и член на здружението Солидарност Артан Садику вели дека кај нас фали автентично граѓанско организирање и мобилизирање. Тој вели дека последните собири на граѓаните може да се гледаат како еден од методите со кои власта се служи во нејзината замислена политичка битка со опозицијата.

„Така што, последните собири и настани не можат да се сметаат како граѓански протести, туку само како една форма на политичка битка. Во Македонија ние сè уште патиме од неможност да мобилизираме граѓански протести и граѓански активизам, а ваквите протести ја убиваат уште повеќе автентичната идеја на протестите.“

Садику вели дека политичките партии сè уште се главни организатори на протести и дека тоа може да се смени само ако се промени сфаќањето на граѓаните дека и тие се битни.

Како новинари сведоци сме биле дека луѓето не сакаат да бидат видени дека се излезени на протести. Кога почнаа протестите на АМАН на зборното место ќе се појавена незадоволните граѓани, кога ќе ги прашавме за што протестираат неретко добивавме одговор „Немој, не ме снимај мене“. Кога поворката ќе тргнеше на марш низ улиците, протестите се осмасовуваа, луѓетот ќе се турнат во топлата, ќе се сокријат, масата повторно се намалување кога поворката ќе стигнеше до Собрание. Слично е и со другите протести кога треба да се протестира за проблемите кои ги засегаат граѓаните, но кога треба да се брани владината политика и буџетот земјоделците, пензионерите и социјалците „спонтано“ се организираат.
Тоа може да доведе до несакани ситуации, сметам дека тоа треба што поскоро да престане. Изразувањето на незадоволството од страна на опозицијата, синдикатите, здруженијата, се иманентни за тие структури, а не за власта, власта ги има инструментите на државата преку кои ја остварува својата политика и таму треба да се докаже, а не на улица.
Насер Зибери, политички аналитичар.

Масовни само контрапротестите

Васко Лазаревски од граѓанската иницијатива „АМАН“ вели дека кога има автентичен протест заради некоја состојба во општеството, не само што нема одзив, туку граѓаните се соочуваат со притисоци да не учествуваат, бидејќи ќе имаат последици.

„Протестите во Македонија стануваат еден вид лакрдија, не само што е тешко да се соберат луѓе, туку се вршат притисоци воопшто да не излегуваат таму, заштоа што би имале некакви последици за нивната работа, или за работата на блиските, од друга страна партии манипулираат со нивното членство, лушето најчесто и не знаат зошто се излезени на протест, меѓутоа слепо ги следат наредбите, затоа што се условени или уценети со некакви финансиски прашања или со работно место или со било како...“

Со тоа партиите во голема мера ги нарушуваат правата и слободите на граѓаните, вели Васко Лазаревски од граѓанската иницијатива „АМАН“ .

„Затоа што се воведува строга контрола врз се што се случува во државата. Граѓанинот треба двапати да размисли дали гласно ќе зборува за проблемите кои лично ги има тој или неговата заедница на која ќе припаѓа или слепо ќе ги прати наредбите на партијата и ќе ги застапува дневните интереси на партијата на којашто е член.“

Можеби поскапувањата не ги извадија луѓето на улица, но недонесувањето на буџетот ги зовре страстите. Ако на ова додадеме дека не очекува и изборна година, што е она што може да го очекуваме на поле-протести и контрапротести? Одговор пабаравме од политичкиот аналитичар Насер Зибери.

„Тие случувања се типични за диктаторски режими, Имало такви случаи во многу земји, порано во Србија, сега во Русија, во Венецуела, во Египет. Тоа е еден многу негативен индикатор за демократскиот развој во земјата.“

Протестите и контрапротестите не придонесуваат за смирување на работите и за надминување на проблемите, туку дополнително ги заоструваат бидејќи граѓаните се ставаат во позиција да се борат едни против други, вели Зибери.

„Тоа може да доведе до несакани ситуации, сметам дека тоа треба што поскоро да престане. Изразувањето на незадоволството од страна на опозицијата, синдикатите, здруженијата, се иманентни за тие структури, а не за власта, власта ги има инструментите на државата преку кои ја остварува својата политика и таму треба да се докаже, а не на улица.“

Можеби ситуација со протестите и контрапротестите најдобро ја илустрира изјавата на долгогодишнито синдикалец и правен експерт Драге Јовановски.

„Знаете овие денови протестираат да речам многу здруженија безврска и кога ќе ги прашате што барате, тие не знаат што бараат. Но да се протестира за работи кои биле пред 20 години, 100 години. Сега замислете јас да протестирам против Даме Груев или Питу Гули зошто во 1903 не направиле држава.“

Но според аналитичарите состојбата нема наскоро да се смени, протестите наместо граѓански и натаму ќе останат партиски, затоа што според истражувањата во политички партии членуваат 26 отсто од полнолетните граѓани, додека во граѓански и невладини организации само три проценти, па судејќи според ова партискиот далеку предничи пред граѓанскиот активизам во земјата.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG