Од пораката на премиерот по повод 23 Октомври дека наталитетот ни е во криза, преку министерот за труд и социјала кој го наведе наталитетот како решение за неодржливиот пензиски систем па сè до најавата на невладини организации здружени во Коалицијата за живот кои за 18 овој месец најавуваат марш за наталитет. Вака се движат идеите во земјава што најчесто за конечен резултат имаат контра-протести, паралелни синдикати или наводни независни активности.
Додека сето тоа остане во рамките на партијата и се претставува како партиска иницијатива е нормално, вообичаено и го има насекаде.
„Она што е специфика во оваа констелација во Македонија е тоа што една типично партиска иницијатива се претставува како граѓанска со цел да добие голема меродавност и евентуална поддршка“, вели политикологот Здравко Савески.
На овој начин, додава тој, партиите го користат позитивниот имиџ на граѓанското општество за да протуркаат партиски иницијативи преку него. На ваков начин се губи довербата во граѓанскиот сектор.
Владата е свесна дека нејзините иницијативи не се поддржани од граѓанскиот сектор, а би сакала да верува дека се, вели аналитичарот Љуљзим Хазири, па затоа и ги поттикнува ваквите иницијативи.
„Демократијата во Македонија е во криза и мислам дека граѓанскиот сектор има обврска да поттикнува реални граѓански иницијативи кои се поврзани малку повеќе со самиот живот на граѓаните.“
На овој начин, додава Савески, се намалува довербата на граѓаните во невладиниот сектор, а со тоа и нивната моќ да иницираат промени. Сепак, вели Хазири, вистинскиот граѓански сектор не е допрен од ваквите привремени иницијативи диригирани од власта и тој ќе продолжи да ја одигрува својата вистинска улога, се разбира доколку навреме се препознаваат механизмите кои ги користи власта на преименување на своите иницијативи во граѓански.
Она што е специфика во оваа констелација во Македонија е тоа што една типично партиска иницијатива се претставува како граѓанска со цел да добие голема меродавност и евентуална поддршкаЗдравко Савески, универзитетски професор.