Достапни линкови

Лекарите на „операција штрајк“ пред Владата


Лекарите на протест пред владата
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:22 0:00

Лекарите на протест пред владата

Лекарите специјалисти побара преговори со премиерот, откако 25 дена министерот за здравство го игнорира нивниот штрајк.

Лекарите специјалисти побараа преговори со премиерот, откако 25 дена министерот за здравство го игнорира нивниот штрајк. Тие денеска напладне започнаа со протестен марш од Градскиот Парк во Скопје до владата. На протестот излегоа неколку стотици лекари и друг медицински персонал кои скандирајќи бараа оставка од министерот за здравство Никола Тодоров. На лекарите поддршка им изразија и неколку синдикати, организации, а имаше и граѓани кои застана на страната на лекарите.
Јавноста сама треба да суди на кого му е доверено здравјето на граѓаните и осигурениците. Нас ни е јасно кој и каков човек е во прашање и затоа од денес не бараме и не сакаме преговори со него, бараме од премиерот да го реши овој проблем.
Доктор Дејан Ставриќ, претседател на Самостојниот синдикат на Клинички центар.


Доктор Дејан Ставриќ, претседател на Самостојниот синдикат на Клинички центар, вели дека изминатите 24 дена, иако секојдневно протестираа пред Министерството за здравство, министерот не можел да ги види и затоа денес протестот е пред Владата.

„Министерот одбра да го игнорира штрајкот на срцето на македонското здравство и значаен дел на интелектуалната елита на Македонија, министерот кој си дозволува да го ризикува здравјето на граѓаните, а во исто време истиот министер кој не нè гледа ни се закануваше јавно, ги злоупотреби институциите на системот, се со цел да се задуши и скрши овој апсолутно легитимен штрајк. Јавноста сама треба да суди на кого му е доверено здравјето на граѓаните и осигурениците. Нам ни е јасно кој и каков човек е во прашање и затоа од денес не бараме и не сакаме преговори со него, бараме од премиерот да го реши овој проблем.“
Господини министре, штрајкот постои, очигледно дека не гледате и не чувствувате, вие и не спиете убаво, но лекот за вашата несоница сме ние, а од друга страна пак вие сте лекот за нашите маки.
Доктор Асим Муса од Струга.

Доктор Асим Муса од Струга потенцира дека за состојбите во здравството не е виновен само овој министер и само оваа влада, туку обезвреднувањето на работата на лекарите почнува уште кога на местото министер за здравство биле познати професори, доктори и сега на крај кога на местото е господинот Тодоров. Доктор Муса вели дека сегашниот министер и тие околу него ги ставиле лекарите на ѕид на срамот.

„Но е срам да работиш чесно, совесно и мактрпно и да не си доволно платен за тоа. Тој ѕид на срамот кој тие така го нарекоа, тој постои, но тој го граделе сите претходни министри и тој постои но тој е на страна на владата, а не на страна на лекарите. Тој ѕид министерот не треба да го промовира, туку треба да го урива, заедно со нас.
Оваа ситуација ќе му се врати како бумеранг на министерот, бидејќи нашите колеги кои официјално не се во штрајк, сепак сфатија дека се предмет на манипулација и не прифатија да пополнуваат било какви изјави.
доктор Ване Ѓоргов, Клиничка болница Штип.

Тој апелираше министерот да не се обидува да го урива односот меѓу лекарите и пациентите, затоа што со пари не може да се купи задоволството на пациентите откако докторот ќе стори сè за нив.

„Господини министре, штрајкот постои, очигледно дека нè гледате и нè чувствувате, вие и не спиете убаво, но лекот за вашата несоница сме ние, а од друга страна, пак, вие сте лекот за нашите маки“, порача лекарот.

Штрајкот доби поддршка и од лекарите специјалисти од градовите од Македонија. Лекарите од внатрешноста се пожалија дека има притисоци на терен, односно дека од лекарите се бара да се потпишат изјави дали се за или против штрајкот.

„Оваа ситуација ќе му се врати како бумеранг на министерот, бидејќи нашите колеги кои официјално не се во штрајк, сепак сфатија дека се предмет на манипулација и не прифатија да пополнуваат било какви изјави “, вели доктор Ване Ѓоргов од Штип.

Штрајкот го поддржаа и од Конфедерацијата на слободните синдикати.

Лекарите стапија во штрајк на 14 минатиот месец, барајќи ревизија на проектот плаќање по учинок, повисоки плати и достоинствен однос на властите кон лекарите.

Лекарски контра-протести

Во меѓувреме, лекари од универзитетските клиники во Скопје, кои не го поддржуваат штрајкот на нивните колеги пред Владата, излегоа пред Министерството за здравство и повикаа на разумност и побараа тие да се вратат во нивните ординации меѓу пациентите.

„Го поддржуваме проектот плаќање по учинок бидејќи тоа беше наша лична заложба со години. Не би сакал да се извлече заклучок дека ова е контрапротест. Апсолутно не се работи за тоа бидејќи мислам дека барем во однос на проектот сите сме единствени. Можеби се разликуваме околу начинот на реализација затоа што ние сметаме дека е неопходна здравствена политика и стратегија, но не и политика во здравството“, изјави Борче Георгиовски од Клиниката за хематологија.

Апелираше лекарите да се вратат меѓу пациентите, а институционално да се решава настаната ситуација.

Благоја Даштевски од Стоматолошкиот клинички центар, пак, рече дека тој не го поддржува штрајкот како форма на дејствување, бидејќи со тоа се нарушуваат здравствените процеси и лекувањето на пациентите, а со тоа доаѓа и до проблеми меѓу лекарите.

„Се создаваат и одредени незадовлства меѓу нас како колеги, а сето тоа некој сака да го искористи најверјатно во политички цели“, изјави Даштевски.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG