Поинтензивни преговори, но и поинтензивен штрајк. Гранковиот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита од наредната недела ќе ја зголеми динамиката на преговорите со министерот за здравство Никола Тодоров, додека, пак, Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар ќе го намали обемот на работа.
Љубиша Каранфиловски од гранковиот синдикат вели дека очекуваат интензивирањето на преговорите да резултира со компромисно решение кое ќе им одговара на двете засегнати страни.
„Преговарањето е еден тежок процес, убедувањето е една од значајните фази во делот на преговарањето и делот на отстапката, компромисот е дел којшто на извесен начин е малку непопуларен, мора да содржи во себе и одредени отстапки. Во една таква ситуација е нормално дека се пролонгира, бидејќи ние од друга страна се соочуваме со еден владин проект.“
Претседателот на самостојниот синдикат Дејан Ставриќ вели дека поради игнорирањето од страна на Министерството на здравство, штрајкот веројатно наскоро ќе продолжи пред владата.
„Продолжуваме со протестот, веројатно од понеделник, а за тоа утре ќе имаме состанок, ќе се договориме и веројатно уште ќе се намали обемот на работа, и амбулантскиот и болничкиот. Овој протест да повторам го следат сите клинички болници, општи болници, заводи, институти кои ангажираат лекари-специјалисти од секундарна и терцијарна здравствена заштита“, вели Ставриќ.
На прашањето зошто гранковиот синдикат не се солидаризира и не им даде поддршка на оние што штрајкуваат, како што тоа го направија нивните членови од градската болница 8 Септември, Каранфиловски рече дека нивната одговорност е поголема како репрезентативен синдикат и дека од нив не било побарано такво нешто.
„Мислам дека тоа е и намерно направено, наместо да ја побараат поддршката од Самостојниот синдикат за здравство и фармација како легитимен претставник на вработените во здравството во овој момент и наместо да побараат поддршка од нас одат во синдикалните организации и на извесен начин, можам да го употребам изразот, манипулираат со нашите членови во делот дека тие се нивните заштитници по основ на синдикалните барања, но тоа ќе се потврди на терен“, рече Каранфиловски.
Од гранковиот синдикат не ја исклучуваат можноста од преземање на поостри мерки доколку не успеат да се договорат со Тодоров за допрецизирање на проектот плаќање по учинок и за корекцијата на коефициентите за лекарите.
Преговарањето е еден тежок процес, убедувањето е една од значајните фази во делот на преговарањето и делот на отстапката, компромисот е дел којшто на извесен начин е малку непопуларен, мора да содржи во себе и одредени отстапки.Љубиша Каранфиловски, синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.
Љубиша Каранфиловски од гранковиот синдикат вели дека очекуваат интензивирањето на преговорите да резултира со компромисно решение кое ќе им одговара на двете засегнати страни.
„Преговарањето е еден тежок процес, убедувањето е една од значајните фази во делот на преговарањето и делот на отстапката, компромисот е дел којшто на извесен начин е малку непопуларен, мора да содржи во себе и одредени отстапки. Во една таква ситуација е нормално дека се пролонгира, бидејќи ние од друга страна се соочуваме со еден владин проект.“
Претседателот на самостојниот синдикат Дејан Ставриќ вели дека поради игнорирањето од страна на Министерството на здравство, штрајкот веројатно наскоро ќе продолжи пред владата.
Продолжуваме со протестот, веројатно од понеделник, а за тоа утре ќе имаме состанок, ќе се договориме и веројатно уште ќе се намали обемот на работа, и амбулантскиот и болничкиот. Овој протест да повторам го следат сите клинички болници, општи болници, заводи, институти кои ангажираат лекари-специјалисти од секундарна и терцијарна здравствена заштита.Дејан Ставриќ, Самостоен синдикат на Клинички центар.