Лекарите денеска излегоа на штрајк против одлуката на Министерството за здравство да добиваат плата по учинок. Претседателот на Самостојниот синдикат на клиничкиот центар Дејан Ставриќ вели дека ќе штрајкуваат сè додека не биде постигнат договор и не бидат остварени нивните барања.
„За генерален штрајк се решивме поради барањата кои ѝ се познати на јавноста, а тоа е корекција на платите пред сè, почитување на принципот за плаќање по успешност што овој модел не го прави, туку има контра-ефект. Значи донесување на адекватен модел за плаќање по успешност, што како принцип никој од нас не го спори“, вели Ставриќ.
Доктор Снежана Ѓорѓиевска од Гинеколошката клиника вели дека не дозволиле штрајкот да влијае на работата со пациентите.
„Оние што не се итни нема да се менаџираат, меѓутоа сите итни пациенти ќе бидат прегледани, дури и оние каде што треба да утврдиме дали има итност или не, дали може да биде загрозен животот и тоа си функционира, ние сме си добро организирани, освен тоа ние сме професионалци, знаеме како да работиме, животот на пациентите нема да го загрозиме.“
Другите доктори кои штрајкуваа велат дека штрајкот е единствениот начин бидејќи веќе се обиделе да разговараат со министерот за здравство Никола Тодоров, кој немал слух за нивните проблеми.
„Сериозен проблем со кој се соочуваме ние докторите во јавното здравство се нашите лоши примања, инсистирањето да се смалат уште повеќе тие примања, инсистирањето да се оди на квантитет, а не на квалитет на нашата услуга и еден генерален губиток на достоинството на нашата професија, вели доктор Калина Старделова.
„Штрајкуваме за нормални плати и за нормално вреднување на нашата работа. Ова е проблематично, ова е вулгарен начин, треба да работиме по критериуми коишто не се соодветни за плата којашто е смешна“, вели доктор Милан Самарџиски.
Пациентите кои ги сретнавме велат дека им бил извршен преглед и повеќето од нив го поддржуваат штрајкот на лекарите.
„Во право се, малку се платени, доста работат, спасуваат човечки животи.“
„Си бев на преглед, си се прегледав, си земав лекови, задоволна сум.“
„Можеби се во право, можеби не се, не знам“, велат анкетираните пациенти.
Во исто време штрајкуваа и лекарите од Битола, Тетово и Штип, како и во другите здравствени организации каде што се ангажирани специјалисти.
За генерален штрајк се решивме поради барањата кои ѝ се познати на јавноста, а тоа е корекција на платите пред сè, почитување на принципот за плаќање по успешност што овој модел не го прави, туку има контра-ефект. Значи донесување на адекватен модел за плаќање по успешност, што како принцип никој од нас не го спори.доктор Дејан Ставриќ, претседател на Самостојниот синдикат на Клинички центар.
„За генерален штрајк се решивме поради барањата кои ѝ се познати на јавноста, а тоа е корекција на платите пред сè, почитување на принципот за плаќање по успешност што овој модел не го прави, туку има контра-ефект. Значи донесување на адекватен модел за плаќање по успешност, што како принцип никој од нас не го спори“, вели Ставриќ.
Доктор Снежана Ѓорѓиевска од Гинеколошката клиника вели дека не дозволиле штрајкот да влијае на работата со пациентите.
„Оние што не се итни нема да се менаџираат, меѓутоа сите итни пациенти ќе бидат прегледани, дури и оние каде што треба да утврдиме дали има итност или не, дали може да биде загрозен животот и тоа си функционира, ние сме си добро организирани, освен тоа ние сме професионалци, знаеме како да работиме, животот на пациентите нема да го загрозиме.“
Сериозен проблем со кој се соочуваме ние докторите во јавното здравство се нашите лоши примања, инсистирањето да се смалат уште повеќе тие примања, инсистирањето да се оди на квантитет, а не на квалитет на нашата услуга и еден генерален губиток на достоинството на нашата професија.доктор Калина Старделова.