Зошто се противите на моделот плаќање по учинок?
Ние во суштина како докторска фела или како доктори специјалисти во јавното здравство, воопшто не се противиме на моделот плаќање по учинок или плаќање по успешност. Тој модел е прифатен во повеќе западни земји, вклучително Соединетите Американски Држави, Велика Британија и од тие нам познати модели каде успешно се применува во Република Турција. Но разликата е квалитативна помеѓу оној модел кој е предложен кај нас и моделите кои се имплементирани во овие претходно спомената земји. Сите овие проекти на плаќање по учинок или „pay for performance“ во Соединетите Држави, потоа „quality and outcome fee work“ во Велика Британија, проектот во Република Турција, како и други проекти кои се актуелни во Нов Зеланд, Австралија, сите содржат еден заеднички именител, а тоа е квалитетот. Во суштина сите овие модели се воведени да се подобри квалитетот на здравствената услуга и заштита, кај нас немаме ниту еден критериум за квалитет.
Ако нема квалитет, што ќе значи тоа за пациентите?
Во принцип тоа ќе има негативни, лоши последици во иднина во овој систем на здравствена заштита. Најпластично речено, вие имплементирате некој проект под име кое е светско заштитено, тоа е плаќање по учинок или „pay for performance“. Но видете разликата е следна, нашиот систем е спротивен на вредностите кои ги промовираат другите системи. Тоа е исто како да купите едно брендирано парче облека, а брендот е гаранција за квалитет. Но кај нас го имате истото име, но содржината е различна, значи немате гаранција за квалитет. Квалитетот или немањето на квалитетот ќе го плати крајниот корисник, а во овој случај тоа се нашите пациенти.
Каков модел според вас би бил најадекватен?
Адекватни се сите модели кои имаат успешност во нивната практична примена. Било тоа да се американскиот, британскиот или турскиот систем кои во себе ги содржат сите елементи препознатливи за плаќање по учинок, значи квалитет.
На тој начин ќе се одвојат докторите кои совесно и одговорно си ја вршат својата работа, кои нудат квалитет, кои се насочени кон сигурната или безбедната здравствена заштита. Целиот систем во суштина треба да биде насочен кон пациентот.
Како досега се покажа овој модел, плаќањето по учинок, како функционира работата на лекарите?
Има многу контроверзии од самиот почеток на имплементација на овој проект, што значи дека се провлекуваа голем број на недостатоци во него. Ние благовремено сигнализиравме на тоа, но системот се уште функционира. Некаде и не функционира, бојкотиран е од докторите, на други места можеби се вршат импровизации на тој систем, но во секој случај системот не заживеа, пред се затоа што не беше прифатен од докторите. Основата еден проект да успее е неговата широка прифатливост, а тоа го немаше во нашиот систем.
Рековте дека од самиот старт имавте забелешки. Зошто овие забелешки не беа прифатени од министерот за здравство, зошто преговорите беа прекинати?
На стартот имавме разговори, тоа е терминологијата која ја користеше министерот. И навистина ние разговаравме од 17 август на оваа тема. Да бидам искрен, разговорите на почетокот се одвиваа во сосема коректна атмосфера. Министерот беше доволно совесен да не сослуша и сите наши забелешки да ги нотира. Но ние немавме повратен одговор од тоа. Преговорите се одолжија, проектот продолжуваше со сите недостатоци кои претходно беа нотирани од лекарите специјалисти и укажани од преговарачкиот тим.
Доколку се инсистира на овој модел, што би предизвикал долгорочно?
Токму затоа и ние предочуваме како лекари специјалисти, стручњаци од оваа област, професионалци и хуманисти, дека овој систем мора да биде базиран на светски познат модел. Не смееме да влегуваме во експерименти. Нашето главно мото е - Здравје пред се! Но дали со ваков начин на примена, каде што имаме многу непознати работи, во иднина ќе имаме ќе имаме квалитетна и соодветна здравствена заштита. Затоа што реперкусиите од ваквиот систем нема да бидат само краткорочни, на долг временски период може да се јават последици кои денеска и не ќе може да ги согледаме.
Колку овој модел на плаќање по учинок е спротивен на колективните договори кои ги имате, дали се коси со нив и со Уставот?
Не би можел точно правнички да ви одговорам, но генерално е јасно дека согласно колективниот договор имаме загарантирана основна плата. Основата плата од 100 проценти е основа на која не може да се одземе ниту еден процент, освен во исклучителни случаи, одреден временски период кој мислам дека е три месеци. Но овој проект веќе трае четири месеци, некој од колегите добиваат намалена основна плата. Согласно Уставот, согласно колективниот договор, нашата плата од 100 проценти е загарантирана. Таа може да биде само зголемена, но не и намалена. Намалувањето може да биде само со мерки согасно законот, тоа значи прекршување на работната дисциплина, неработењето.
Што значи дека овој модел не само што не ги зголемува примањата на лекарите, туку напротив на некој и ги намалува?
Секако, секако. Ние таква статистика колку ја зголемиле или ја намалиле платата на одредени специјалисти немаме. Но знаеме дека има и намалување и зголемување, но во вкупната маса какви реперкусии тоа има, тоа не можеме да ви го презентираме, затоа што со такви податоци не располагаме.
Како целиот овој систем ќе влијае врз еден пациент, односно на што ќе се сведе услугата на еден пациент од еден доктор кој ќе биде плаќан по учинок?
Слушнав какво велат дека на овој начин се развивала конкуренцијата. Интересно е тоа со конкуренцијата, затоа што конкуренција без оние заштитни механизми е комерцијализација во медицината. Тоа е она што ние не сакаме да се случи, тоа е основното кое на нам како на професионалци и хуманисти ни пречи. Ние се судруваме со некакви професионални и етички норми во текот на работата. И токму тоа е најголемиот камен на сопнување. Дали ние сега ќе одиме преку нашата етика и професионалност за да го спроведеме овој систем, кога веќе однапред знаеме дека тоа е комерцијализација, највулгарна комерцијализација на еден доктор со пациент, а треба да биде хумана пред се.