Достапни линкови

Тодоров не го гледа „пожарот“ во Клинички


Штрајк на лекарите во Клинички центар во Скопје.
Штрајк на лекарите во Клинички центар во Скопје.

Лекарите од Клинички најавуваат радикализација на штрајкот доколку не им се остварат барањата и продолжат притисоците. Односот на Министерството за здравство е како да има пожар дома, а се прави дека ништо не се случува, вели поранешниот заменик министер за здравство Владимир Лазаревик.

Лекарите ќе продолжат да штрајкуваат се додека не бидат исполнети нивните барања и покрај изјавата на Министерот за здравство Никола Тодоров дека немало штрајк, бидејќи не била прекината работата со пациентите и дека ќе преговара само со гранковиот синдикат.
Нашиот синдикат изнесе јасно соопштение дека ако се остварат заканите кои министерот и неговиот кабинет ги даваат во неофицијална форма преку своите политички намесници и ако на некој од нашите членови му биде загрозена неговата слобода, здравје или живот, тогаш е објавено дека ќе пристапиме кон ригорозен штрајк, односно кон комплетно прекинување на работата.
Милчо Пановски, Самостоен синдикат на Клинички центар.


Милчо Пановски од Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар вели дека е изненаден од погрешното толкување на законот од страна на Тодоров. Со законот е предвидено дека штрајкот на медицинскиот персонал може да биде одржан со обезбедување на минимална функција при што им следува и надомест.
клиничкиот центар во Скопје.
клиничкиот центар во Скопје.

„Министерот може да преговара со кога сака, меѓутоа нашиот синдикат брои 1.200 лекари специјалисти кои се движечката сила за нормално опстојување на здравствениот систем во Македонија. Може да има штрајкбрејкери, може да има партиски војници, може да има се, меѓутоа не верувам дека е во состојба да обезбеди 1.200 лекари од странство.“

Пановски додава дека притисоците со кои се соочуваат нема да ги предомислат и со таквите постапки министерот продолжува свесно да го уништува јавното здравство и да ги загрозува правата на пациентите. Доколку штрајкот не даде резултати тие ќе преземат други мерки.
Вие како креатор на политика мора од отстапите од идејата која е штетна, немате друга алтернатива. Прашањето е како сега вие тоа политички ќе го изманимупирате за да речеме дека ете не сте поразени, меѓутоа сметам дека секој ден кој проаѓа и штрајкот трае е пораз за здравството и за луѓето.
Вадимир Лазаревик, поранешен заменик министер за здравство.

„Нашиот синдикат изнесе јасно соопштение дека ако се остварат заканите кои министерот и неговиот кабинет ги даваат во неофицијална форма преку своите политички намесници и ако на некој од нашите членови му биде загрозена неговата слобода, здравје или живот, тогаш е објавено дека ќе пристапиме кон ригорозен штрајк, односно кон комплетно прекинување на работата.“

Поранешниот заменик министер за здравство Владимир Лазаревик, вели дека ситуацијата е загрижувачка и односот на Министерството за здравство е како да има пожар дома, а се прави дека ништо не се случува. Според него проблемот е во тоа што Тодоров тргна во насока од која ако се врати ќе се протолкува како пораз.

„Вие како креатор на политика мора од отстапите од идејата која е штетна, немате друга алтернатива. Прашањето е како сега вие тоа политички ќе го изманимупирате за да речеме дека ете не сте поразени, меѓутоа сметам дека секој ден кој проаѓа и штрајкот трае е пораз за здравството и за луѓето, така да на крајот мислам дека повторно принципите заради кои е свикан штрајкот ќе бидат во интерес на лекарите.“

Лекарите се противат на одлуката да бидат платени по учинок. Истражувањата на „Хелт Групер“ покажале дека 95 насто од лекарите се незадоволни од реформата и сметат дека неправдено го вреднува нивниот труд.

Штрајк на лекарите на Клинички центар
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:49 0:00
Директен линк
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG