Синдикалните претставници и првиот човек во здравството повеќе од 10 дена не се состанаа на разговори за моделот на плаќање на докторите по учинок, поради што не се исклучува можноста за нов штрајк на лекарите. Синдикалните работници засега не се достапни за коментар, а неофицијално се претпоставува дека наскоро ќе се одржи уште една средба. Експертот за јавно здравство Владимир Лазаревик вели дека повеќе од јасно е дека постоечкиот предложен модел, според кој примањата на докторите се според учинокот на квантитет, е несоодветен на потребите.
„Не соодветствува со реалната потреба да се мери квалитетот на услугата што ја нудат лекарите на пациентите, а тоа е приоритетно и тоа е она што вистински би можело да направи промена кон подобро кога би сакале на тој начин да промениме однесување на одредени лекари или на одредена група на лекари во позитивна смисла.“
Немаме начин како да го измериме успехот на предложениот модел, вели Лазаревик.
„Не би имале со што да го споредиме. Конкуренцијата во работењето меѓу докторите нам не ни е битна, зашто таа самата по себе не е цел, туку целта е резултатот којшто ќе го произведе, а денеска немаме идеја каков резултат треба да произведе една таква политика, односно една таква реформа.“
Екс-министерот за здравство Ѓорѓи Оровчанец вели дека дефинитивно е потребно реализирање на нов штрајк.
„Дефинитивно е потребно да се реализира тој штрајк, меѓутоа мислам дека и оние кои ќе штрајкуваат се свесни за својата работа, така што не верувам дека кој било би бил загрозен од штрајкот, односно мислам конкретно на пациентите. Сè она што е ургентно, без разлика на штрајкот, ќе мора да биде примено и реализирано.“
На предложениот модел му недостигаат јасни параметри, смета Оровчанец.
„Не можете вие да цените нешто, а да немате мерила како да го цените. Ова како се спроведува таа акција на владата, конкретно на Министерството, по мене личи само на работа којашто може да биде со други зборови претешка за докторите. Значи кој не се согласува со оваа политика може да му се даде 80 отсто, кој се согласува може да му се даде у 120 отсто, затоа што критериуми и мерила не постојат“, вели Оровчанец.
Не соодветствува со реалната потреба да се мери квалитетот на услугата што ја нудат лекарите на пациентите, а тоа е приоритетно и тоа е она што вистински би можело да направи промена кон подобро кога би сакале на тој начин да промениме однесување на одредени лекари или на одредена група на лекари во позитивна смисла.Владимир Лазаревик, поранешен заменик-министер за здравство.
„Не соодветствува со реалната потреба да се мери квалитетот на услугата што ја нудат лекарите на пациентите, а тоа е приоритетно и тоа е она што вистински би можело да направи промена кон подобро кога би сакале на тој начин да промениме однесување на одредени лекари или на одредена група на лекари во позитивна смисла.“
Немаме начин како да го измериме успехот на предложениот модел, вели Лазаревик.
„Не би имале со што да го споредиме. Конкуренцијата во работењето меѓу докторите нам не ни е битна, зашто таа самата по себе не е цел, туку целта е резултатот којшто ќе го произведе, а денеска немаме идеја каков резултат треба да произведе една таква политика, односно една таква реформа.“
Дефинитивно е потребно да се реализира тој штрајк.Ѓорѓи Оровчанец, поранешен министер за здравство.