Клиничкиот центар ќе стапи во генерален штрајк, што веројатно ќе почне на 24 септември, откако вчерашниот состанок на синдикалците со министерот за здравство Никола Тодоров не дал резултати, велат во синдикатот на клинички. Министерството за здравство може да го спречи штрајкот ако во меѓувреме ги исполни барањата на лекарите.
Независниот синдикат на Клиничкиот центар бара зголемување на платите на лекарите, укинување на проектот за плаќање по учинок, како и промена на навредливиот однос на Министерството и на Фондот за здравство кон лекарите и деградирањето на нивната професија со проекти како што е „Ѕидот на срамот“ на Фондот за здравство.
Во Министерството засега молчат за најавите за штрајк на Клиничкиот центар.
Поранешниот заменик министер за здравство Владимир Лазаревик вели дека било крајно време лекарите да се организираат на штрајк или на некаков протест со кој што ќе го изразат незадоволството.
„Јас искрено бев скептичен дека ќе се организираат за штрајк и сè уште не сум сигурен како тоа ќе излезе до крај, затоа што 24 е скоро за две недели од сега, многу работи може до тогаш да се случат, што значи дека ова веројатно е предупредување со кое што синдикатот би сакал да влезе во некаков директен дијалог со Министерството. Треба да видиме што ќе се случи, може и да не дојде до штрајк што во принцип е добро, ако се договорат нели, меѓутоа мене ми се чини дека тешко ќе најдат разбирање од другата страна“, вели Лазаревик.
Веднаш откако лекарите изразија незадоволство од новиот начин на плаќање по учинок и најавија штрајк ако тој не се укине, Министерството за здравство објави резултати од анкетата, според која граѓаните го поддржуваат овој начин на плаќање на лекарите. По нарачка на Министерството, анкетата ја спровел Институтот за политички истражувања- Скопје(ИПИС) во периодот од 16 до 18 август годинава врз репрезентативен примерок од 1.114 испитаници. Според резултатите од анкетата, скоро две третини од граѓаните одговориле дека го поддржуваат ваквиот начин на плаќање.
Лазаревик, пак, вели дека анкетата е нерелевантна.
„Министерството излезе со целосно нерелевантна анкета. Ако прашате кого било на улица, дали сте за плаќање на лекарите по учинок, нормално дека ќе ви каже да, но прашањето е многу подлабоко, на кого се однесува, и како тоа ќе се спроведе во пракса и што тоа значи за еден доктор којшто работи да кажеме на Клинички центар во однос на некој доктор што работи во некоја селска амбуланта или во некоја мала болница во Кочани на пример“, вели Лазаревик.
Ако дојде до генерален штрајк, ќе се примаат само тешките случаи, односно пациентите на коишто им е загрозен животот и ќе се блокира работата на Клиничкиот центар на неодредено време.
Јас искрено бев скептичен дека ќе се организираат за штрајк и сè уште не сум сигурен како тоа ќе излезе до крај, затоа што 24 е скоро за две недели од сега, многу работи може до тогаш да се случат, што значи дека ова веројатно е предупредување со кое што синдикатот би сакал да влезе во некаков директен дијалог со Министерството. Треба да видиме што ќе се случи, може и да не дојде до штрајк што во принцип е добро, ако се договорат нели, меѓутоа мене ми се чини дека тешко ќе најдат разбирање од другата страна.Владимир Лазаревик, поранешен заменик министер за здравство.
Независниот синдикат на Клиничкиот центар бара зголемување на платите на лекарите, укинување на проектот за плаќање по учинок, како и промена на навредливиот однос на Министерството и на Фондот за здравство кон лекарите и деградирањето на нивната професија со проекти како што е „Ѕидот на срамот“ на Фондот за здравство.
Во Министерството засега молчат за најавите за штрајк на Клиничкиот центар.
Поранешниот заменик министер за здравство Владимир Лазаревик вели дека било крајно време лекарите да се организираат на штрајк или на некаков протест со кој што ќе го изразат незадоволството.
„Јас искрено бев скептичен дека ќе се организираат за штрајк и сè уште не сум сигурен како тоа ќе излезе до крај, затоа што 24 е скоро за две недели од сега, многу работи може до тогаш да се случат, што значи дека ова веројатно е предупредување со кое што синдикатот би сакал да влезе во некаков директен дијалог со Министерството. Треба да видиме што ќе се случи, може и да не дојде до штрајк што во принцип е добро, ако се договорат нели, меѓутоа мене ми се чини дека тешко ќе најдат разбирање од другата страна“, вели Лазаревик.
Министерството излезе со целосно нерелевантна анкета. Ако прашате кого било на улица, дали сте за плаќање на лекарите по учинок, нормално дека ќе ви каже да, но прашањето е многу подлабоко.Владимир Лазаревик, поранешен заменик министер за здравство.