Достапни линкови

Судот го забрани штрајкот, Среќна Нова 1949 - реагира синдикатот


Судот во Скопје донесе одлука за времено одложување на штрајкот на лекарите во Клинички центар.

„Среќна нова 1949 година“, им посака во шеговит тон претседателот на Клиничкиот синдикат доктор Дејан Ставриќ на своите колеги, алудирајќи на познатиот македонски филм на режисерот Столе Попов, по одлуката што је донесе Судот да го прифати барањето на Mинистерството за здравство дека штрајкот на лекарите, закажан за 24 овој месец, времено е одложен.
Веќе сме во постапка за нов датум, значи одлуката не се менува. В понеделник ќе се одржи предупредуваќки штрајк, не генерален. Бидејќи одлуката на судот се однесува на генералниот штрајк, тој е суспендиран. Ние не се согласуваме со таа одлука и секако ќе ја обжалиме до Апелација. И на крај до сите граѓани само би рекол - Среќна нова 1949.
Дејан Ставриќ, Синдикат на Клинички центар.

Жал ми е што судот одлучи да подржи индивидуално мислење наместо мислењето на 1.200 лекари специјалисти од Македонија, истакна тој во изјавата по одлуката на Судот, нагласувајќи дека најважно е лекарската страна во процедурата да продолжи да оди понатаму.
Доктор Дејан Ставриќ.
Доктор Дејан Ставриќ.

„Веќе сме во постапка за нов датум, значи одлуката не се менува. В понеделник ќе се одржи предупредуваќки штрајк, не генерален. Бидејќи одлуката на судот се однесува на генералниот штрајк, тој е суспендиран. Ние не се согласуваме со таа одлука и секако ќе ја обжалиме до Апелација. И на крај до сите граѓани само би рекол - Среќна нова 1949.“

Според него, одржувањето предупредувачки протест е во интерес на демократската процедура која им преостанува на лекарите, откако судот одлучи да го подржи мислењето на Министерството за здравство.
Лидерите на Синдикатите не смеат да бидат кукли, па власта да си игра со нив и да не се покренува никакво прашање кое е во интерес на работничката класа.
Драги Јовановски, експерт по трудово право.

„Ќе се излезе половина час за време на паузата, во тек на работно време, да се изрази протестот на лекарите во Клиничкиот центар и во сите градови во Република Македонија. Покрај Клинички центар и сите специјалисти ќе излезат на протестен собир по градовите во склоп на протестот на нашиот синдикат.“
Министерот за здравство Никола Тодоров сликан со болнички душеци.
Министерот за здравство Никола Тодоров сликан со болнички душеци.

Од Основен Суд 2 во образложението на одлуката е наведено дека во решението за штрајк Синдикатот немал утврдено прецизни правила и услови под кои ќе функционираат клиниките додека трае штрајкот. Постапката, појаснуваат од судот, била третирана како итна бидејќи штрајкот беќе бил закажан, а не поради политички притисок дека Mинистерството за здравство ја покрена постапката.

Експертите не мислат како Судот. Имам чувство дека политиката не дава да се случи раздвижување на синдикатите, вели Драги Јовановски, експерт по трудово право.

„Лидерите на Синдикатите не смеат да бидат кукли, па власта да си игра со нив и да не се покренува никакво прашање кое е во интерес на работничката класа.“

Според Синдикатот, додека јавното здравството се соочува со серија големи предизвици, ново пресметување на платите на лекарите и буџет кој диктира број на интервенции, број на операции кои една установа може да ги изведе, високите службеници кои менаџираат со промените создадоа имиџ кој нив ги одделува од работниците.

Министерот за здравство Никола Тодоров, пак, изјави дека „одредени структури“ се обидуваат да ги минираат преговорите со Синдикатот и оти е разочаран што на состанокот со синдикалците не дошле до решение.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG