Достапни линкови

Кој профитира од штрајкот во здравството?


Архивска фотографија - Клинички центар во Скопје.
Архивска фотографија - Клинички центар во Скопје.

Лекарите и другиот персонал во Клинички центар се спремни да одат до крај за да ги остварат своите цели и да овозможат нормално функционирање на Клиничкиот центар. Штрајкот мора да доведе до решение, лекарите мора да седнат на преговори со Министерството за здравство, оти нивните барање се легитимни, а проектот плаќање по учинок е антиреформски, вели поранешниот заменик-министер за здравство Владимир Лазаревик.

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита седна на преговарачка маса со Министерството за здравство. Од Синдикатот велат дека имало некои нови предлози за надминување на проблемите, но во интерес на преговорите засега не кажуваат повеќе. Од Министерството за здравство велат дека има позитивни сигнали од преговорите и дека следната средба е закажана за в петок.
Ако тие инсистираат на комплетен штрајк, тоа значи дека ние треба да престанеме да примаме било какви пациенти, а во земји каде тоа се случувало, имало неповолни исходи по пациентите. Дали тоа министерот сака да го направи, да испровоцира такво нешто, за да може да не гони, тоа не знам, меѓутоа во секој случај во нормална демократска земја се преговара со тие што штрајкуваат.
Доктор Милчо Пановски, Синдикат на Клинички центар.


Во меѓувреме трае штрајкот на лекарите специјалисти во Клиничкиот центар и во болниците во државата каде има лекари специјалисти. Доктор Милчо Пановски од Синдикатот на Клинички центар вели дека во нормални демократски услови се преговара со тој што штрајкува.

„Ако тие инсистираат на комплетен штрајк, тоа значи дека ние треба да престанеме да примаме какви било пациенти, а во земји каде тоа се случувало имало неповолни исходи по пациентите. Дали тоа министерот сака да го направи, да испровоцира такво нешто, за да може да не гони, тоа не знам, меѓутоа во секој случај во нормална демократска земја се преговара со тие што штрајкуваат.“
Штрајк на лекарите во Клинички центар во Скопје.
Штрајк на лекарите во Клинички центар во Скопје.

Лекарите штрајкуваат со одржување на минимални услови, ги примаат пациентите што имаат витално загрозување на животот, а обичните контроли и планираните операции се одложуваат и тоа сигурно им пречи на пациентите, вели доктор Пановски.

„Трпението и на едната и на втората страна е при крај. Но ако докторите не се посветат на својата функција со една општо психичка, социјална, физичка благосостојба или функција на здравјето, не можат адекватно да се посветат на своите пациенти.“
Со самото намалување на услугите кои им се нудат на пациентите се намалуваат и трошоците во државните здравствени установи, кои и онака се многу задолжени, значи официјалниот долг на здравствените установи се движи некаде околу 40 милиони евра, што е исклучително висок долг. Намалувањето на услугите, можеби на некој начин ги намалува трошоците во државните установи, меѓутоа го зголемува трошокот за пациентот којшто е принуден да се добие услуга во приватна болница.
Владимир Лазаревик, поранешен заменик министер за здравство.

Пановски вели дека лекарите и другиот персонал во Клинички центар се спремни да одат до крај за да ги остварат своите цели и да овозможат нормално функционирање на Клиничкиот центар. Тој вели дека со Преродбата, Клиничкиот центар постојано се уништува, се разградува, па се обединува, се носат и се менуваат директори според партиски потреби и добро е што на крај персоналот стана да го каже своето мислење.

Поранешниот заменик-министер за здравство Владимир Лазаревик вели дека во услови на штрајк на лекари кој трае со недели и каде се намалува обемот на услуги, се поставува прашањето кој профитира од штрајкот на лекарите.

„Со самото намалување на услугите кои им се нудат на пациентите се намалуваат и трошоците во државните здравствени установи, кои и онака се многу задолжени, значи официјалниот долг на здравствените установи се движи некаде околу 40 милиони евра, што е исклучително висок долг. Намалувањето на услугите, можеби на некој начин ги намалува трошоците во државните установи, меѓутоа го зголемува трошокот за пациентот којшто е принуден да се добие услуга во приватна болница.“

Лазаревик вели дека пациентот кој побарал услуга во приватна болница, откако бил спречен да ја добие во државна болница, има право да побара да му се вратат парите од фондот за здравствено осигурување, што на некој начин повторно ќе ги пренасочи средствата од државните кон приватните здравствени установи и ќе ја зголеми разочараноста во државното здравство. Тој вели дека не смее да се пролонгира штрајкот на лекарите, тој мора да дојде до решение, лекарите мора да седнат на преговори со Министерството за здравство, оти нивните барање се легитимни, а проектот плаќање по учинок е антиреформски.

„Министерството за здравство мора да го стопира проектот, да го ревидира, да ги интегрира сите забелешки на лекарите и да се обиде да ја врати повторно довербата на пациентите во јавното здравство, која тие секојдневно ја губат, а и штрајкот и неодговорот од страна на Министерството за настанатата ситуација придонесуваат за разочараност кај граѓаните“, вели Лазаревик.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG