Достапни линкови

ММФ ја скенира македонската економија


Поранешниот шеф на мисијата на ММФ во земјава Вес Мекгру и министерот за финансии Зоран Ставрески.
Поранешниот шеф на мисијата на ММФ во земјава Вес Мекгру и министерот за финансии Зоран Ставрески.

Од ММФ велат дека мисијата е во земјава за да се запознае со економските перформанси на државата за годинава и да дискутира за економските прогнозии политики за наредната година.

Тим од Меѓународниот монетарен фонд ги почна разговорите со високи владини и претставници на централната банка. Од седиштето на мисијата во Скопје информираат дека нивните луѓе се секојдневно на терен и се обидуват да ја спроведат предвидената агенда на состаноци до 17 декември. Тимот кој го предводи новиот шеф на мисијата Ивана Владкова Холар ќе се сретне и со претставници на неколку компании од приватниот сектор и меѓународните и граѓански асоцијации.
На средбата со делегацијата ќе се разговара за економската состојба во Македонија и дека нема да стане збор за искористување на остатокот на парите од линијата за буџетска поддршка за 2011 година.
Зоран Ставрески, министер за финансии.


Од ММФ велат дека мисијата е во земјава за да се запознае со економските перформанси на државата за годинава и да дискутира за економските прогнозии политики за наредната година. Додаваат дека соопштение за медиумите ќе испратат во понеделник, откако ќе завршат сите предвидени средби.

Од министерството за финансии не ги коментираат вчерашните разговори. Непосредно пред состанокот со тимот на ММФ, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека на средбата со делегацијата ќе се разговара за економската состојба во Македонија и дека нема да стане збор за искористување на остатокот на парите од линијата за буџетска поддршка за 2011 година.

Но, поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини се сомнева дека власта ќе се обиде да ги увери претставниците на мисијата да ги искористи преостанатите пари за покривање на буџетскиот дефицит. Притоа не ја исклучува можноста дека парите можат да бидат злоупотребени и за потребите на претстојните локални избори.
Министерот најверојатно ќе се се обидува во разговорите со мисијата на фондот да ги убеди да може да смета и на таквиот извор за покривање на божем буџетскиот дефицит, а всушност тој се совпаѓа и со времето кога во Македонија ќе се одржат локалните избори
Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии


Министерот најверојатно ќе се се обидува во разговорите со мисијата на фондот да ги убеди да може да смета и на таквиот извор за покривање на божем буџетскиот дефицит, а всушност тој се совпаѓа и со времето кога во Македонија ќе се одржат локалните избори, изјави Хајредини.

Според Хајредини политиката на ММФ ја следи насоката на големите сили во меѓународниот свет. Тој не се сомнева дека мисијата би одобрила финансиска помош, ако тоа е во согласност со политиката на САД и западно-европските земји.


Ќе се однесуваат онака како што претпоставуваат дека сакаат главните контролори на ММФ. Со таа поддршка што му ја даваат на Груевски секогаш се надеваат дека тој сепак ќе биде благодарен и ќе направи некаков чекор за компромис за уредување на односите со Грција и еве сега најново со Бугарија, вели Хајредини.

Минатата година власта зеде кредит од 220 милиони евра од ММФ. Опозицијата обвини дека парите биле потрошени за да се спроведат изборите и да се купат гласови. Власта тврдеше дека парите биле повлечени за покривање на буџетскиот дефицит.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG