Повеќедневната мисија на Меѓународниот монетарен фонд во Скопје ќе заврши денеска. Петчлениот тим на фондот предводен од Вес Мекгру, во деновите меѓу 15 и 22 јуни, вршеше надзор на македонската економија.
Мисијата го разгледуваше буџетот, монетарната и кредитната политика, девизните резерви, како и се друго што следи Фондот. Свое видување на посетата попладне ќе дадат вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, гувернерот на Народната банка Димитар Богов, како и шефот на мисијата на ММФ во Македонија, Мекгру. Парите во износ од 220 милиони евра, Ставрески изјави дека ќе се користат за потребите на буџетот.
Професор Сашо Арсов вели дека владата не сакаше да соопшти зошто и е потребна кредитната линија и само најавуваше дека парите ќе бидат користени во исклучителни ситуации.
„Парите беа повлечени многу брзо и сето тоа коинцидираше со изборите. Ако се земе дека во тој период многу плаќање се извршија, како на пример исплаќање на субвенции за земјоделците, претходни проекти, неисплатени градежни активности итн, може да се насети каде оделе парите и за што биле искористени дури може да се смета дека тоа е еден вид финансирање на кампањата, што е крајно некоректно и неисправно од јавен аспект.“
Професор Ванчо Узнов вели дека кредитот од ММФ ќе го вратат граѓаните и мора да се даде отчет за што е потрошен.
„Исто како за било кој вид трошење на јавни пари мора да се каже за која намена се и за што точно ќе се потрошат и што се очекуваните ефекти, бидејќи тие пари се долг на граѓаните, не се долг на политичарите, така што важи истото правило како и за било кој вид на јавни финансии, значи треба да се каже за што се планирани парите, за што е земен тој кредит, а не други извори на финансирање.“
Арсов додава дека владата требала претходно да каже за што ќе биде наменет кредитот и од што тие пари требаше да не спасат.
„Бидејќи се работи за многу големи пари кои не се на некого во владата, туку се пари кои ние сите ќе ги враќаме наредните години, така што тоа се практично наши пари, ни брцнала владата во џебот и нормално е претходно да каже за што и требаат, а за отчет и да не зборуваме.“
Мисијата, по завршувањето на посетата, треба да изработи извештај за економската политика на Владата, кој треба да оди на разгледување пред Бордот на директори на ММФ од кој ќе зависи дали ќе се обнови кредитната линија.
Парите беа повлечени многу брзо и сето тоа коинцидираше со изборите. Ако се земе дека во тој период многу плаќање се извршија, како, на пример исплаќање на субвенции за земјоделците, претходни проекти, неисплатени градежни активности итн, може да се насети каде оделе парите и за што биле искористени дури може да се смета дека тоа е еден вид финансирање на кампањата, што е крајно некоректно и неисправно од јавен аспект.
Мисијата го разгледуваше буџетот, монетарната и кредитната политика, девизните резерви, како и се друго што следи Фондот. Свое видување на посетата попладне ќе дадат вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, гувернерот на Народната банка Димитар Богов, како и шефот на мисијата на ММФ во Македонија, Мекгру. Парите во износ од 220 милиони евра, Ставрески изјави дека ќе се користат за потребите на буџетот.
Професор Сашо Арсов вели дека владата не сакаше да соопшти зошто и е потребна кредитната линија и само најавуваше дека парите ќе бидат користени во исклучителни ситуации.
„Парите беа повлечени многу брзо и сето тоа коинцидираше со изборите. Ако се земе дека во тој период многу плаќање се извршија, како на пример исплаќање на субвенции за земјоделците, претходни проекти, неисплатени градежни активности итн, може да се насети каде оделе парите и за што биле искористени дури може да се смета дека тоа е еден вид финансирање на кампањата, што е крајно некоректно и неисправно од јавен аспект.“
Парите од ММФ беа повлечени многу брзо и сето тоа коинцидираше со изборите, забележуваат економските експерти
Професор Ванчо Узнов вели дека кредитот од ММФ ќе го вратат граѓаните и мора да се даде отчет за што е потрошен.
„Исто како за било кој вид трошење на јавни пари мора да се каже за која намена се и за што точно ќе се потрошат и што се очекуваните ефекти, бидејќи тие пари се долг на граѓаните, не се долг на политичарите, така што важи истото правило како и за било кој вид на јавни финансии, значи треба да се каже за што се планирани парите, за што е земен тој кредит, а не други извори на финансирање.“
Исто како за било кој вид трошење на јавни пари мора да се каже за која намена се и за што точно ќе се потрошат и што се очекуваните
ефекти.