Достапни линкови

За што се потрошија парите од ММФ?


Власта треба да даде отчет за што се потрошени парите од кредитот од ММФ кои беа повлечени непосредно пред изборите, велат економистите.

Јавноста треба да добие отчет за што се потрошени парите од кредитната линија на ММФ, бидејќи во крајна линија долгот ќе се расчистува со парите на граѓаните, велат економистите кои ги консултиравме. Од Фондот се чини дека немаат формални забелешки за повлекувањето на
220-милиони евра. Во официјално соопштение на ММФ се наведува дека
На крајот на краиштата кој ќе го врати тој кредит, тој кредит пак ќе го вратат граѓаните на Македонија.
парите биле повлечени пред избори и дека инструментот е наменет за санирање на непредвидени промени во економии со стабилна политика. Сепак, останува отворено прашањето на што точно се потрошија повеќе од половина од одобрените средства? Власта и должи отчет на јавноста, објаснува универзитетскиот професот Ванчо Узунов:

Министерот за финансии Зоран Ставревски ги демантира шпекулациите дека Фондот има забелешки за предизборното трошење на парите

„Да, тоа се пари од ММФ, ама тоа е кредит од ММФ. На крајот на краиштата кој ќе го врати тој кредит, тој кредит пак ќе го вратат граѓаните на Македонија. Тоа фактички не се пари од ММФ, тоа се пари позајмени од ММФ, кои ќе се вратат од граѓаните. Мора да се даде отчет.“

Лаички аргумент би бил дека станува збор за пари од странска организација, а не пари на граѓаните за кои секако треба да се знае како се трошат. Аргументот паѓа во вода – Узунов објаснува:
Сигурно треба да даде отчет за што се земаат парите и за што ќе се трошат бидејќи тоа е јавна
обврска.

„Владата ги повлекла бидејќи ММФ имал доверба, меѓутоа ќе треба да и докаже на ММФ дека навистина имало потреба. Она што е навистина интересно е дека ако навистина имало потреба за тие пари, зошто тоа не беше кажано во Македонија така отворено, туку приказната беше дека се е во ред, а се повлекуваат пари кои се за крајна нужда.“

Слично мислење презентира и д-р. Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економија:

„Сигурно треба да даде отчет за што се земаат парите и за што ќе се трошат бидејќи тоа е јавна обврска. Инаку кога се земаат странски
Не одговарам на шпекулации. Јас имам директни разговори со ММФ и такво нешто досега тие немаат кажано и мислам дека нема ниту основа за такво нешто.

кредити како сега веројатно главната причина за тоа е дека мора да се финансира тековната сметка која е во минус.“

Министерот за финасии Зоран Ставрески ги демантира шпекулациите дека Фондот има забелешки за предизборното трошење на парите од кредитната линија.

„Не одговарам на шпекулации. Јас имам директни разговори со ММФ и такво нешто досега тие немаат кажано и мислам дека нема ниту основа за такво нешто.“

Пред петти јуни, од Министерството демантираа дека кредитот ќе се употреби за изборите, и тврдеа дека сретствата ќе се наменат за „затворање на финансиската конструкција за 2011 година уште при донесувањето на Буџетот за оваа година“.
XS
SM
MD
LG