Достапни линкови

Доаѓаат тешки денови


Како ќе се преживее?
Како ќе се преживее?

Граѓаните ги чекаат уште потешки денови во и онака лошата економска ситуација. Според прогнозата на ММФ, Македонија ќе се соочи со инфлација од 5,2 отсто.

Најновата прогноза на ММФ дека македонската економија ќе се соочи со инфлација од 5,2 проценти, според познавачите на оваа област, најмногу ќе се одрази врз стандардот на граѓаните. Народна банка кон крајот на месецов најави мерки против инфлацијата, која е резултат на порастот на цените на храната и на енергијата на глобално ниво.
Најмногу од се, посебно сиромашните слоеви во општеството ќе го почувствуваат големото зголемување на прехранбени производи и енергија, што се најнеопходни за еден секојдневен
живот.

Економскиот аналитичар Ден Дончев вели дека имајќи ја предвид огромната стапка на сиромаштија и невработеност во земјава, на граѓаните веќе им е тешка економската ситуација, а со ваква стапка на инфлацијата ги чекаат уште потешки денови.

„Најмногу од се, посебно сиромашните слоеви во општеството ќе го почувствуваат големото зголемување на прехранбени производи и енергија, што се најнеопходни за еден секојдневен живот. Така што ова е апсолутно негативна појава во нашата економија, во нашето општество.“

Повеќе пари за помалку производи

Бизнисменот Зоре Темелковски вели дека ние сме мал пазар и промените немаат голем ефект врз бизнисот.

„Таа инфлација нема да се појави во Македонија со некои разорни дејствија, нормално во бизнисот ќе се јават сите исти проблеми што не опкружуваат во регионот, значи ќе дојде до „пеглање“ на некои цени кои што се нерални на
Сега и најверојатно во блиска иднина се додека продолжува оваа политика, Македонија ќе биде осудена на вакви инфлаторни шокови, односно граѓаните ќе ја плаќаат цената на оваа апсолутно погрешна политика од аспект на зависност на увоз и неводењето сметка за домашните производители.
нашиот пазар во овој момент, споредено со другите соседни пазари.“

Според Дончев, растот на инфлацијата се должи на лошата економска политика на владата и огромното непродуктивно трошење на буџетот. Проблемот е што сме увозно зависна земја и што не се произведуваат добра за кои имаме капацитети на македонскиот пазар, вели тој.

„Сега и најверојатно во блиска иднина се додека продолжува оваа политика, Македонија ќе биде осудена на вакви инфлаторни шокови, односно граѓаните ќе ја плаќаат цената на оваа апсолутно погрешна политика од аспект на зависност на увоз и неводењето сметка за домашните производители.“

Според прогнозата на ММФ, највисока инфлација од соседните земји ќе има Србија од 9, 9 проценти и Косово од 8,2 проценти, за разлика од Црна Гора и Словенија каде таа ќе се движи околу 2 отсто.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG