Инфлацијата во јануари достигна 3,2 проценти, а проекциите на годишно ниво се заокружени на три проценти. Според податоците на Народната банка на Македонија, инфлацијата за годинава е предвидена да биде за 1.4 проценти повисока, имајќи предвид дека лани била нешто повеќе од еден и пол отсто. Дали на граѓаните им е јасно што сево ова значи?
„Појма немам, не знам. Како прават, така ќе живееме, што да правиме. Инфлација има секаде во светот, еве нели викаат дека кризата полека поминува, па се надеваме на подобро.“
Се чувствува дека поминува кризата?
„Па не баш, ама најавуваат, па ќе чекаме и ќе видиме.“
„Недостасува. Како сега што недостасува, никогаш претходно.“
Граѓани се жалат и зад микрофон. Едни велат дека по еден леб дневно и два пати месо во неделата е доволно, други пак велат дека одамна не сервирале месни производи на трпезата... Граѓаните во основа го имаат сфатено концептот на инфлацијата. Точно, станува збор за поскапување, но примањата не растат со цените. Аналитичарот на центарот за економски анализи Шенај Хаџимустафа објаснува:
„Инфлацијата претставува општ пораст на цените, тоа значи дека доколку вие имате одреден фиксен доход, зголемувањето на цените би значело дека ќе имате помалку пари во џеб, односно со тие пари со коишто располагате, ќе бидете во можност да купите помалку производи отколку пред поскапувањето.“
Но, се чини дека не се` застанува со раст на цените на прехранбените и останатите производи. Во услови на инфлација поскапуваат и парите.
„Инфлацијата покрај зголемувањата на цените, гледано од аспект на економијата значи и дека ќе се зголемат цените на парите, односно ќе се зголемат и каматите што од друга страна би влијаело негативно во поглед на зголемување на потрошувачката и инвестициите во една држава.“
Власта може да интервенира за контрола на инфлацијата со посебни политики, вели професорот Ванчо Узунов, но пред се треба да се утврди кои се причините за растот на цените. За сега, според него, за тоа може само да се шпекулира:
„Не се знае, ние можеме да шпекулираме, мислам дека во последно време Народната Банка ја релаксираше монетарната политика и за тоа имаше причини бидејќи во претходниот период ситуацијата беше таква да можеше полека да се релаксира монетарната политика. Тоа е една од причините што сигурно има некакво влијание врз инфлацијата, а друго е што владата веројатно има потрошено доста пари преку буџетот, претпоставувам дека има зголеми буџетски расходи што исто така влијае на инфлацијата.“
Во последно време поскапеа лебот, маслото за јадење, млекото и уште неколку основни производи. Временските неприлики во Кина на светските пазари ја зголемуваат цената на пченицата, што според упатените, може да доведе до ново поскапување на лебот и брашното во Македонија.

Инфлацијата претставува општ пораст на цените, тоа значи дека доколку вие имате одреден фиксен доход, зголемувањето на цените би значело дека ќе имате помалку пари во џеб.
Се чувствува дека поминува кризата?
„Па не баш, ама најавуваат, па ќе чекаме и ќе видиме.“
„Недостасува. Како сега што недостасува, никогаш претходно.“
Граѓани се жалат и зад микрофон. Едни велат дека по еден леб дневно и два пати месо во неделата е доволно, други пак велат дека одамна не сервирале месни производи на трпезата... Граѓаните во основа го имаат сфатено концептот на инфлацијата. Точно, станува збор за поскапување, но примањата не растат со цените. Аналитичарот на центарот за економски анализи Шенај Хаџимустафа објаснува:
Народната Банка ја релаксираше монетарната политика и за тоа имаше причини бидејќи во претходниот период ситуацијата беше таква да можеше полека да се релаксира монетарната политика. Тоа е една од причините што сигурно има некакво влијание врз инфлацијата, а друго е што владата веројатно има потрошено доста пари преку
буџетот.