Македонија е се поблиску до донесување одлука за користење на кредитната линија за претпазливост од Меѓународниот монетарен фонд, информира вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески – се предвидува задолжување од најмалку 400 милиони евра.
„За Република Македонија тоа би значело 400 милиони евра за период од 12 месеци. Со оглед дека има размислување и за користење на кредитната линија во период од 24 месеци, можно е низ тие разговори да се отвори и прашањето за вкупниот износ да биде повисок од тие 400 милиони евра, но во секој случај најмалку ќе биде 400 милиони евра.“
Делегација на ММФ, предводена од шефот на мисијата на Фондот за Македонија Вес Мекгру, веќе е во земјава. Ставрески очекува, во следните неколку денови, да се завршат разговорите околу кредитот и да се донесе конечна одлука.
Каматата на првите 300 милиони евра е 1,3 отсто, а ако се искористи целиот износ просечната камата би била 2,1 отсто, вели Ставрески.
Тој посочува дека парите се наменети за буџетска подршка и оти ММФ не ја условува Македонија за што да ги користи парите. Со кредитот ќе се финансираат и капитални проекти, вели Ставрески, а ќе се задоволатпотребите на државата без да се задолжува во домашните банки.
Бизнис заедницата, пак, како со нетрпение да очекува владата да земе поволен кредит од друго место, наместо од домашните банки. Бизнисменот Златко Калеников од Сојузот на стопански комори вели дека, на тој начин, на домашните банки ќе им останат повеќе пари за кредитирање на стопанството.
„Ќе ги направат од инертни, кои што сега не пласираат средства во реалниот сектор, ќе ги направат активни во насока на пласирање на кредити во реалниот сектор и пласирање на кредити кон потрошувачите. Само така може да се намали каматата и само така може да се зголеми интерактивноста банки и реален сектор.“
Ставрески вели дека ако ММФ официјално и го одобри кредитот на Македонија, тоа ќе и ја подобри позицијата на земјава при евентуално издавање на еврообврзница. Тоа ќе биде сигнал дека на земјава не и е нужна еврообврзница по секоја цена, вели тој.
„Кога инвеститорите го знаат тоа нормално е дека ќе се рефлектира во пониска цена на еврообврзницата, што значи е само еден вид на засилување на нашата позиција пред инвеститорите доколку условите на пазарот дозволат да се земе еврообврзница.“
Крадитната линија за претпазливост може да се земе за период од две години, но се обновува на секои шест месеци. На половина година ММФ врши преглед дали економските политики што ги спроведува земјата одговараат на моменталната состојба. За разлика од стенд-бај аранжманите, при оваа кредитна линија нема конкретни критериуми што треба да се исполнат, туку генерално се оценуваат економските политики.
Со оглед дека има размислување и за користење на кредитната линија во период од 24 месеци, можно е низ тие разговори да се отвори и прашањето за вкупниот износ да биде повисок од тие 400 милиони евра, но во секој случај најмалку ќе биде 400 милиони евра.
„За Република Македонија тоа би значело 400 милиони евра за период од 12 месеци. Со оглед дека има размислување и за користење на кредитната линија во период од 24 месеци, можно е низ тие разговори да се отвори и прашањето за вкупниот износ да биде повисок од тие 400 милиони евра, но во секој случај најмалку ќе биде 400 милиони евра.“
Делегација на ММФ, предводена од шефот на мисијата на Фондот за Македонија Вес Мекгру, веќе е во земјава. Ставрески очекува, во следните неколку денови, да се завршат разговорите околу кредитот и да се донесе конечна одлука.
Каматата на првите 300 милиони евра е 1,3 отсто, а ако се искористи целиот износ просечната камата би била 2,1 отсто, вели Ставрески.
Тој посочува дека парите се наменети за буџетска подршка и оти ММФ не ја условува Македонија за што да ги користи парите. Со кредитот ќе се финансираат и капитални проекти, вели Ставрески, а ќе се задоволат
Ќе ги направат од инертни, кои што сега не пласираат средства во реалниот сектор, ќе ги направат активни во насока на пласирање на кредити во реалниот сектор и пласирање на кредити кон потрошувачите.