Достапни линкови

Проникнување до сржта на уметноста на Тарковски


„Христијанските слики и симболи и нарацијата во филмовите на А.А. Тарковски“ е насловена книгата на м-р Атанас Чупоски, што како издание на Кинотека на Македонија, ќе биде промовирана утревечер во 19 часот, во просториите на оваа наша национална установа. Во оваа филмолошка студија се обработува делото на култниот руски режисер, а по промоцијата ќе биде прикажано неговото ремек-дело – играниот филм „Сталкер“ од 1979 година.

Предмет на научната студија и наедно на книгата на м-р Атанас Чупоски се христијанските слики и симболи актуализирани во филмовите на големиот руски режисер Андреј Арсениевич Тарковски и спецификите на неговото филмско раскажување.
Овој текст се обидува да проникне до сржта на создателниот чин на уметноста на Тарковски преку употребата на христијанските слики и симболи во неговите филмови кои ги има во изобилство. Се разбира, тие, како во секое добро уметничко дело, се скриени, не се експлицитни и не можат да се видат на прв поглед. Тарковски е голем мајстор на филмот и од таму тие се вткаени и треба да се разгатнат.
Атанас Чупоски, филмолог.

Авторот вели дека режисерот е веќе „мит на современата европска култура и современиот европски филм“ и дека она што е ново во „Христијанските слики и симболи и нарацијата во филмовите на А.А. Тарковски“ е поинаквиот аспект на гледање на неговите филмови, како класиците „Андреј Рубљов“, „Сталкер“ и „Жертвопринесување“.
Атанас Чупоски, филмолог.
Атанас Чупоски, филмолог.

„Овој текст се обидува да проникне до сржта на создателниот чин на уметноста на Тарковски преку употребата на христијанските слики и симболи во неговите филмови кои ги има во изобилство. Се разбира, тие, како во секое добро уметничко дело, се скриени, не се експлицитни и не можат да се видат на прв поглед. Тарковски е голем мајстор на филмот и од таму тие се вткаени и треба да се разгатнат на некој начин за да може да се стигне до одредена констатација, да се каже дека во тие филмови на овој или оној начин тој ги интерпретира скриените обрасци на христијанските слики.“

Чупоски, притоа, дополнува дека неговата намера била повторно да ги актуелизира филмовите на Тарковски ако воопшто и има потреба за такво нешто.
Тарковски е вистински уметник кој е прав пример за тоа што би требало филмската уметност да претставува затоа што го прави оној неопходен спој на уметноста и духовноста. Тарковски тврди дека не може да постои уметност без духовност. Од таму неговите филмови се толку длабоки и стигнуваат до срцата и до душите на луѓето а не само до нивните умови.
Атанас Чупоски, филмолог.

„Тарковски е вистински уметник кој е прав пример за тоа што би требало филмската уметност да претставува затоа што го прави оној неопходен спој на уметноста и духовноста. Тарковски тврди дека не може да постои уметност без духовност. Од таму неговите филмови се толку длабоки и стигнуваат до срцата и до душите на луѓето а не само до нивните умови“, вели Чупоски.

Роден 1969 година, Атанас Чупоски е филмолог, компаратист и синеаст. Досега објавил повеќе од стотина единици книжевни и филмолошки научни студии, есеи, песни, раскази и публицистички текстови во петнаесетина македонски списанија и весници. Тој е автор и на поетската книга „Концерт на труба во дур“(2007), а цела една декада на Радио Равел ја уредуваше и водеше музичко-патеписната емисија „Без возен ред“. Наедно, Чупоски, кој работи како виш филмолог во Кинотека на Македонија, има снимено повеќе телевизиски емисии и шест документарни филмови од кои последниот „Сведоци“, кој патем претставува не само автентично сведоштво за животот во егејскиот дел на Македонија туку и своевидна парабола на ужасите на секоја војна, премиерно беше прикажан во септември годинава на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

„Христијанските слики и симболи и нарацијата во филмовите на А.А. Тарковски“ е инаку неговиот магистерски труд одбранет на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 2010 година, а Чупоски веќе ја започна работата и врз својата докторска дисертација која повторно е поврзана со современиот руски филм.

Инаку, промоцијата на книгата се обистинува во деновите кога во Кинотека на Македонија и во Центарот за култура во Битола е во тек филмскиот циклус посветен на Андреј Тарковски за кој во Македонија допатува познатата актерка Наталија Бондарчук – ѕвезда на неговото дело „Соларис“.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG