Достапни линкови

Кузман Кузмановски со книга филмски есеи на „Синедејс 2012“


„Филмски есеи“ е насловена книгата на М-р Кузман Кузмановски што во издание на „Менора“ се појави деновиве. Станува збор за збирка на научни трудови во кои авторот се бави со седмата уметност, а промоцијата на делото се одржа во рамките на актуелниот Фестивал на европски филм “Синедејс 2012“.

Збирката филмски есеи од Кузман Кузмановски претставува есенцијално четиво со високи естетски вредности од повеќе аспекти. Овој труд произлегува како композитен амалгам од неговиот талент за пишување и стручната надградба од областа на филмот, филмологијата и филмската естетика, знаења кои авторот ги стекнува како магистер на најпрестижната установа за филмската уметност во Република Македонија, Факултетот за драмски уметности.
Дел од есеите зборуваат за моќта на филмот. Колку филмот може да биде оружје и да се употреби за постигнување на одредени цели. И потоа, покрај оние класици како што се Кјубрик, Џигавертов, Полански... се прави дистинкција помеѓу филмот за деца и филмот за возрасни. Значи, што може и што треба да содржи филмот за деца, а што филмот за повозрасниот аудиториум. Разликата понекогаш не се вообува, а таа е битна да стои како предлошка за сите што се занимаваат со филм.
Кузман Кузмановски, уметник.



Ова ќе го забележи промоторот на делото Благоја Куновски, а авторот осврнувајќи се на своите „Филмски есеи“, една од ретките публикации од овој вид кај нас, вели дека на постдипломските студии се соочил со евидентниот недостаток на таков вид литература на македонски јазик и дека тоа бил еден од главните мотиви за да го започне истражувањето во оваа област. Кузмановски дополнува дека во книгата се поместени седум есеи и дека тие досега не биле публикувани.
Кузман Кузмановски, уметник.
Кузман Кузмановски, уметник.

„Дел од есеите зборуваат за моќта на филмот. Колку филмот може да биде оружје и да се употреби за постигнување на одредени цели. И потоа, покрај оние класици како што се Кјубрик, Џигавертов, Полански... се прави дистинкција помеѓу филмот за деца и филмот за возрасни. Значи, што може и што треба да содржи филмот за деца, а што филмот за повозрасниот аудиториум. Разликата понекогаш не се вообува, а таа е битна да стои како предлошка за сите што се занимаваат со филм.“

Роден 1973 година во Скопје, Кузман Кузмановски дипломирал и магистрирал на Факултетот за драмски уметности. Работи како самостоен уметник од областа на аудио-визуелните уметности и досега како актер, сценарист, продуцент и режисер ги реализирал играните серијали за деца „Патувања со рабробил“ ( 2004) и „Патувања со рабробус“ (2007) кои се влезени во Националната програма за изучување на македонскиот јазик. Автор е на повеќе сценарија за филмски проекти, меѓу кои и минатогодишните „Потрага“ и „Настинати духови“, за „Семејна приказна“ добитник на втората награда за драмски текст на конкурсот на МРТВ, а како продуцент го потпиша долгометражниот „Деца на сонцето“ во режија на Антонио Митриќески. Тој, наедно е основач и директор на првиот македонски фестивал на анимиран филм со меѓународно учество „Анимакс“ чие годинешно издание е планирано да се одржи од 28 до 30 ноември.

„Годинава исто така имаме многу квалитетна програма, па така љубителите на анимираниот филм во земјава ќе имаат можност да го видат оскаровецот „Фантастичните летечки книги на господинот Морис Лезмор“, а исто така имаме наградени филмови од „Анеси“ како „Загубениот град на слатките“ на полското студио „Семафор“ со кого планираме да го отвориме фестивалот и „Луминарис“ делото кое има освоено неверојатни над 100 награди.“

Инаку, Кузмановски е автор на уште пет други книги и член на Друштвото на писателите на Македонија од 2005 година. Тој истакнува дека сега, по објавувањето на „Филмски есеи“, би сакал и натаму да остане блиску до филмот и на своите колеги да им го пренесе искуството што го стекнал обидувајќи се да дојде до својот прв долгометражен независен проект.

Едно напаствие за младите филмаџии да не се предаваат туку да бидат ентузијасти во она што го работат. Нешто во таа смисла!
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG