Достапни линкови

Дигитализирана македонска музика од Берлинскиот фонограмски архив


Ивона Опетческа Татарчевска, етномузиколог.
Ивона Опетческа Татарчевска, етномузиколог.

Додека во земјава бавно се одвива процесот на дигитализација на нашето аудио наследство, колекцијата восочни цилиндри и албумот со теренски материјали на Берлинскиот фонограмски архив, каде се забележани и снимки од Македонија меѓу двете светски војни, а на кои работеше и м-р Ивона Опетческа Татарчевска, ја доби престижната награда „Бруно Нетл“ што ја доделува Американското здружение на етномузиколози.

М-р Ивона Опетческа Татарчевска од Управата за заштита на културното наследство беше помеѓу осумте етномузиколози од регионот кои, предводени од Германката д-р Сузане Циглер, учествуваа во подготовката на дигитализираната аудио колекција восочни цилиндри на Густав Куперс Зоненберг и изданието на Берлинскиот фонограмски архив, на кое се застапени и теренски материјали од Македонија меѓу двете светски војни(од 1935 до 1939 година). Албумот ја освои престижната награда што го носи името на Бруно Нетл, американскиот етномузиколог со чешко потекло и основоположник на етномузикологијата.
Густав Куперс Зоненберг, фоторепортер од периодот помеѓу двете светски војни, во пет наврати дошол во Македонија и документирал усмена традиција или традиционална музика, обреди, обичаи и слично. Таа е една од најстарите колекции за кои знаеме дека постојат и се поврзани со Република Македонија. Инаку, во Берлинскиот фонограм архив има уште четири други колекции на кои има материја од Македонија.
Ивона Опетческа Татарчевска, етномузиколог.

Ова признание го доделува Американското здружение на етномузиколози на своето годишно собрание, а за искуството од учеството во овој трогодишен проект Опетческа–Татарчевска вели дека особена е честа да се добие довербата и да се работи на ексклузивни материјали во еден од најстарите фонограмски архиви на светот, берлинскиот, кој е прогласен од УНЕСКО како чувар на меморијата на светот.

„Густав Куперс Зоненберг, фоторепортер од периодот помеѓу двете светски војни, во пет наврати дошол во Македонија и документирал усмена традиција или традиционална музика, обреди, обичаи и слично. Таа е една од најстарите колекции за кои знаеме дека постојат и се поврзани со Република Македонија. Инаку, во Берлинскиот фонограм архив има уште четири други колекции на кои има материја од Македонија.“

Таа дополнува дека засега колекцијата успеале да ја дигитализираат, научно да ја обработат и да подготват две изданија – наградениот носач на звук и книгата што треба да биде публикувана наредната 2013 година.
За жал, 20 восочни цилиндри од 1937 година што Зоненберг ги снимал е невозможно да бидат реставрирани и засега со ова знаење, технологија и хемиска обработка ќе останат во Берлинскиот фонограм архив да чекаат некое подобро време, некои посуптилни методи да се развијат за да можат потоа да бидат обработени.
Ивона Опетческа Татарчевска, етномузиколог.

„За жал, 20 восочни цилиндри од 1937 година што Зоненберг ги снимал е невозможно да бидат реставрирани и засега со ова знаење, технологија и хемиска обработка ќе останат во Берлинскиот фонограм архив да чекаат некое подобро време, некои посуптилни методи да се развијат за да можат потоа да бидат обработени.“

Ивона Опетческа – Татарчевска забележува дека кај нас во Македонија, на национално ниво, со донесувањето на Стратегијата за дигитализација од 2011 година и со Регионалниот центар на УНЕСКО за сите видови наследство, можеби постојат правни механизми но дека во пракса ни недостига мобилизација на сите институционални и вонинституционални фактори кои ќе се фокусираат на овој сегмент од заштитата на македонското културно благо. Од таму, како што вели, ни претстои работа на тони и тони материјали со кои располага земјава по однос на аудио наследството.

„Под аудио наследство не се само аудио-визуелните добра под чија дефиниција се кријат кинотечните добра. Тука се и фонотечните добра кои ги поседува Народната и универзитетска библиотека. Тука е една од најстарите збирки која е собрана во Македонија и ја поседува Институтот за фолклор. Се работи за повеќе од 6.000 аудио снимки на различни носачи на звук на кои е меморирана македонската традиција. Така што од тој само институционален материјал ни претстои повеќедецениска работа, а притоа забораваме дека во приватните колекции на различни вљубеници, на научници од странство поседуваме еден друг фундус, голем материјал што треба да се обработува.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG