Достапни линкови

Сандра Фекетија: Перпетуум џезиле е дружина на вљубеници во песната


Новинарот на РСЕ Љупчо Јолевски во разговор со диригентката и вокална солистка на „Перпетуум џезиле“ Сандра Фекетија.
Новинарот на РСЕ Љупчо Јолевски во разговор со диригентката и вокална солистка на „Перпетуум џезиле“ Сандра Фекетија.

Словенечката вокална дружина „Перпетуум џезиле“од прославата на 52 роденден на фестивалот „Охридско лето“, на 4 август во Антички театар, направи спектакл за кој долго ќе се прикажува.

Ако во неколку збора треба да биде опишан концертот на „Перпетуум џезиле“во Антички театар на актуелното 52 „Охридско лето“ тогаш редоследот би бил следниот – љубов, посветеност и радост во изведбата. И, никако поинаку бидејќи словенечките уметници во предвидените два и нешто повеќе часа од својот перформанс направија сè публиката(некаде над 5.000 посетители) да се почувствува свечено и несекојдневно. Наново да ја открие обичноста во себе и да верува дека на крилјата од песната може да се справи со сите сомничавости во животот.
Следната година ќе биде третата деценија од постоењето на оваа наша вокална група, а сето ова започнало во моментот кога некои луѓе имале желба да бидат во хор, но притоа да не пеат класичен репертоар. Кај нас во Словенија има многу хорски ансамбли, но тие своевремено едноставно имале идеја да направат нешто различно – да пеат некоја друга, помодерна музика - госпел, босанова, џез, поп... Сè само не она што би било клише за хорско пеење.
Сандра Фекетија, диригентка и вокална солистка на „Перпетуум џезиле“.

Ете, од таму, овој концерт ќе биде бележан како еден од најуспешните во несекојдневниот амбиент на ова места и воопшто во историјата на нашата најголема летна културна манифестација.
Словенечката вокална група „Перпетуум џезиле“ на прославата на 52-роденден на фестивалот „Охридско лето“.
Словенечката вокална група „Перпетуум џезиле“ на прославата на 52-роденден на фестивалот „Охридско лето“.

Сандра Фекетија, диригентка и вокална солистка на „Перпетуум џезиле“ претставувајќи го ансамблот и неговата историја знае да каже дека тој е формиран пред нецели 30 години со идеја да биде нешто различно од дотогаш постоечките хорови во нејзината татковина.

„Следната година ќе биде третата деценија од постоењето на оваа наша вокална група, а сето ова започнало во моментот кога некои луѓе имале желба да бидат во хор, но притоа да не пеат класичен репертоар. Кај нас во Словенија има многу хорски ансамбли, но тие своевремено едноставно имале идеја да направат нешто различно – да пеат некоја друга, помодерна музика - госпел, босанова, џез, поп... Сè само не она што би било клише за хорско пеење.“

Говорејќи за себе и за начинот на делување таа со дополна.
Јовано, Јованке со години ни е една од петте омилени песни и токму поради тоа колегите аранжери во нашата дружина решија да направат свое видување оваа ваша класика. Притоа строго не се држевме до ниту една верзија што ја имавме чуено, туку сакавме да дадеме своја, уникатна колку што е тоа можно.
Сандра Фекетија, диригентка и вокална солистка на „Перпетуум џезиле“.

„Во хорот сум безмалку девет години и она што како констатација го имам за нас врз основа на тоа искуство е дека ние , некаде безмалку педесетина членови, сме дружина на вљубеници во пеењето. И ништо повеќе од тоа. Главно сме аматери кои изнашле методи и без да знаат да читаат ноти да функционираат на вистинскиот начин. Се собираме два пати неделно да вежбаме и преку оние некаде 75 концерти колку што годишно одржуваме по светот ние се градиме како личности, како уметници. Всушност, „Перпетуум џезиле“ нам ни е станат начин на живеење. Јас без сево, иако понекогаш ми доаѓа сè преку глава, навистина не би можела да си го замислам животот.“

А, за ансамблот како словенечки културен репрезент во светот Фекетија ќе рече:

„Вообичаено кога го подготвуваме годишниот репертоар никогаш не забораваме во него да има по една нова словенечка песна. Публиката тоа го очекува од нас и едноставно сметаме дека на тој начин вистински ја презентираме нашата култура во светот.“

Покрај песните на „Битлси“, „Ван Хален“, „Тото“, Синди Лопер, уметничкиот директор Карлсон од Шведска... еуфорично поздравена беше и нивната изведба на македонската класика „Јовано, Јованке“.

„Јовано, Јованке со години ни е една од петте омилени песни и токму поради тоа колегите аранжери во нашата дружина решија да направат свое видување оваа ваша класика. Притоа строго не се држевме до ниту една верзија што ја имавме чуено, туку сакавме да дадеме своја, уникатна колку што е тоа можно.“

Елаборирајќи го успехот на „Перпетуум џезиле“ на светската сцена, диригентката Сандра Фекетија вели дека не постои специјален рецепт за тоа – само работа и посветеност.

„Не постои специјален рецепт за нашиот успех во светот. Едноставно публиката не може да се насити од нашата изведба. Ние главно се финансираме од концертните настапи и колку повеќе одработуваме во текот на една календарска година, толку повеќе имаме можности за пробив на интернационалната сцена. Инаку, со шест изданија зад себе од кои последниот е супер бокс-сет со аудио и видео носачи на звук и насловен како „Voкal Xtravaganza“, по Охрид „Перпетуум џезиле“ заминува на пет дена во Шведска, потем доаѓа тримесечната турнеја во Германија и некаде околу новогодишните празници ќе треба да имаме убава серија на концертни настапи во САД.“

Овој концерт беше посветен на одбележувањето на дијамантскиот јубилеј – 60 години Европска асоцијација на фестивали чиј член е и нашето „Охридско лето“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG