За оспорувањето и негирањето на македонскиот јазик виновни сме самите ние, но најмногу политичарите, сметаат познати македонисти и добри познавачи на приликите со македонскиот јазик. Професорката во пензија на Универзитетот Лајден во Холандија, Олга Мишевска Томич. Која е и автор на последната граматиката на македонскиот јазик издадена во странство, вели дека како Македонци не се грижиме доволно за јазикот. Таа уверува дека опасност за губење на македонскиот јазик нема, но ги повикува политичарите да престанат со игнорирање на јазикот.
„Политичарите се бават со игнорирање и на јазикот и на земјата. Политичарите многу малку обрнуваат внимание на јазикот. Ако обрнат внимание на јазикот, автоматски и државата ќе се заштити. Обично сакаат да кажат дека македонскиот јазик е близок со бугарскиот. Не е точно. Македонскиот јазик е формиран врз база на западните дијалекти и Бугарите тоа не можат да си го простат. Да беа средните дијалекти бугарски и македонски, можеше да постои некаков бугарско-македонски јазик.“
Оспорувањето на македонскиот јазик од страна на соседите силно се пренесува и во Европа, и на тоа државата треба да обрне посебно внимание, вели Убавка Гајдова, научен советник во Институтот за македонски јазик.
„Со години наназад македонскиот јазик не се споменува во европските документи. Секогаш може да се делува повеќе и да се настапува организирано на сите манифестации надвор и внатре во земјата. Мора да има единствен став и системски да биде испланирано како ќе се настапува надвор“, вели Гајдова.
За Александар Јордановски, советник за јазик во Управата за заштита на културно наследство, македонскиот јазик се соочува со два вида загрозеност.
„Два вида загрозеност има јазикот. Едната е наметната политичката загрозеност што мислам дека лесно можеме да се спротивставиме на тоа со една добра организираност. Вината во однос на самите нас, колку ние си го почитуваме јазикот, како што се јавните медиуми, бидејќи таму јазикот е најмногу експониран, почнувајќи водители, спикери, новинари“, вели Јордановски.
Странските македонисти велат дека нема опасност за македонскиот јазик. Штом вие го зборувате, тој постои. Ако тие напаѓаат, тогаш можеби тие тогаш се загрозени, а не македонскиот јазик, вели професор по македонски јазик на Ломоносов во Москва, Ала Шишкен.
Македонскиот јазик навистина е јазик со својата кодификација, граматика и речник и заслужува почит од страната на други земји, вели Наталија Бороникова, доцент по македонски јазик на Перунскиот универзитет во Русија.
Во Охрид деновиве се одржа 39-та меѓународна конференција за македонски јазик и традиционалниот семинар за македонски јазик на кој беа присутни голем број научни работници и студенти од десеттина европски држави, но и од Австралија и од САД каде на тамошните универзитети се изучува македонскиот јазик. Учесниците кои дебатира за состојбите во македонскиот јазик сметаат дека најдобар одговор на нападите од сите страни се ваквите научни конференции.
Политичарите се бават со игнорирање и на јазикот и на земјата. Политичарите многу малку обрнуваат внимание на јазикот. Ако обрнат внимание на јазикот, автоматски и државата ќе се заштити. Обично сакаат да кажат дека македонскиот јазик е близок со бугарскиот. Не е точно. Македонскиот јазик е формиран врз база на западните дијалекти и Бугарите тоа не можат да си го простат. Да беа средните дијалекти бугарски и македонски, можеше да постои некаков бугарско-македонски јазик.Олга Мишевска Томич, пензионирана професорка по македонски јазик.
„Политичарите се бават со игнорирање и на јазикот и на земјата. Политичарите многу малку обрнуваат внимание на јазикот. Ако обрнат внимание на јазикот, автоматски и државата ќе се заштити. Обично сакаат да кажат дека македонскиот јазик е близок со бугарскиот. Не е точно. Македонскиот јазик е формиран врз база на западните дијалекти и Бугарите тоа не можат да си го простат. Да беа средните дијалекти бугарски и македонски, можеше да постои некаков бугарско-македонски јазик.“
Оспорувањето на македонскиот јазик од страна на соседите силно се пренесува и во Европа, и на тоа државата треба да обрне посебно внимание, вели Убавка Гајдова, научен советник во Институтот за македонски јазик.
Два вида загрозеност има јазикот. Едната е наметната политичката загрозеност што мислам дека лесно можеме да се спротивставиме на тоа со една добра организираност. Вината во однос на самите нас, колку ние си го почитуваме јазикот, како што се јавните медиуми, бидејќи таму јазикот е најмногу експониран, почнувајќи водители, спикери, новинари.Александар Јордановски, советник за јазик во Управата за заштита на културно наследство.