Достапни линкови

Државата се бори за јазикот, а го заборави Конески


Родната куќа на основоположникот на современиот македонски јазик, академик Блаже Конески во село Небрегово.
Родната куќа на основоположникот на современиот македонски јазик, академик Блаже Конески во село Небрегово.

Оваа година институциите го одбегнаа јубилејот, 90 години од раѓањето на основоположникот на современиот македонски јазик Блаже Конески.

Родната куќа на македонскиот великан, основоположник на современиот македонски јазик, академик Блаже Конески во долненското село Небрегово, веќе 6 години е реновирана и отворена како спомен куќа. Во неа е изложена грижливо избраната поставка на предмети, кои го отсликуваат животот во куќата од годините на неговото раѓање, детството и младоста, се до заминувањето на школување во белиот свет. Но, и богата библиотека на негови и дела напишани на современ македонски јазик.
Кога доаѓаат учениците со автобуси, од едната страна доаѓа автобусот полн со ученици или граѓани, а од другата страна доаѓаат натоварени шлепери со големи блокови мермер. И кога ќе се сретнат на половина пат, најчесто јас сум дежурен виновник.
Миле Спиркоски, водич на спомен куќата на Блаже Конески.

Годиниве не е мал бројот на посетители од земјава и странство кои поединечно, но и организирано во групи го посетиле спомен домот. Меѓутоа уште е поголем бројот на почитувачи на неговото дело и туристи кои се спречени да дојдат во селото, зашто немаат свое возило, а патот не дозволува слободен сообраќај за автобуси.

„Катастрофа, никаков, дупка до дупка, со авион човек да лета, па да дојде. Наместо 20 минути 15 порано, сега многу подоцна.“

„Многу е оштетен, секој ден по 20 скании поминуваат по патот“, реагираат жителите на Небрегово.

И надлежните во спомен домот посочуваат на бројните случаи кога се враќаат автобуси со ученици.
Блаже Конески.
Блаже Конески.

„Кога доаѓаат учениците со автобуси, од едната страна доаѓа автобусот полн со ученици или граѓани, а од другата страна доаѓаат натоварени шлепери со големи блокови мермер. И кога ќе се сретнат на половина пат, најчесто јас сум дежурен виновник, се чувствувам како виновен без вина, и тогаш автобусот се враќа назад“, вели Миле Спиркоски, водичот на спомен куќата.
Оваа година институциите го одбегнаа, институциите го одбегнаа. Не дојдоа претставници ниту од Филолошкиот факултет што го носи името „Блаже Конески“, ниту од МАНУ чијшто прв претседател беше токму Блаже Конески, ниту од Друштвото на писателите. Се надеваме дека оваа грешка нема да се повторува во иднина.
Људмил Спасов, универзитетски професор.

Тој сепак додава дека Општина Долнени изготвила проект за реконструкција на патот, во соработка со грчка фирма-концесионер, која експлоатира мермер во непосредна близина и секојдневно го уништува единствениот пат којшто води до многу села.

Градоначалникот на Општина Долнени, Адбула Бајрамоски не успеавме да го контактираме за да ги чуеме неговите натамошни планови за решавање на овој инфраструктурен проблем.

А, професорот Људмил Спасов, кој што е еден од најзаслужните за отворање на родната куќа во спомен дом, и е меѓу најголемите почитувачи на делото на Конески, годинава им забележа на државните институции зашто не дојдоа во Небрегово, да го чествуваат значајниот јубилеј-90 години од раѓањето на Блаже Конески.

„Оваа година институциите го одбегнаа, институциите го одбегнаа. Не дојдоа претставници ниту од Филолошкиот факултет што го носи името „Блаже Конески“, ниту од МАНУ чијшто прв претседател беше токму Блаже Конески, ниту од Друштвото на писателите. Се надеваме дека оваа грешка нема да се повторува во иднина“, забележа професор Спасов.

Тој и порача државата да покаже поголема грижа и за современиот македонски јазик.

„Премиерот зборуваше во Обединетите Нации и на други места, дека ние не се откажуваме од своето минато и својот идентитет. А, токму јазикот е тоа. И сега се чудам и се прашувам себе си, од една страна зборуваме, се залагаме дека не менуваме ништо, ако нема во него македонски, а од друга страна воопшто нема средства за афирмација на македонскиот јазик секаде во светот“, додава професор Спасов.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG