Достапни линкови

Амандман за терминот „македонски“


Од состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет меѓу ЕУ и Македонија.
Од состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет меѓу ЕУ и Македонија.

Мешовитиот комитет усвои амандман со кој се изразува загриженост за изоставувањето на придавката „македонски“ во извештајот на ЕК.

На прес конференцијата Копретседавачот на Мешвиотиот парламентарен комитет Јорго Шацимаркакис рече дека земјава бележи напредок , некаде повеќе, а некаде помалку, што е нотирано и во извештајот на Европската комисија. Германскиот европарламентарец со грчко потекло кој кажа неколку збора во собарнието и на макодонски јазик рече дека во последно време имаше сигнали од Брисел кои укажуваат на потешкотии и оти го осудува тоа

„Сеуште верувам во брз прием на вашата земја. Како претседавач на делегацијата имам само една цел да и помагам на вашата земја да се приклучи на ЕУ во најкус можен рок“
Сеуште верувам во брз прием на вашата земја. Како претседавач на делегацијата имам само една цел да и помагам на вашата земја да се приклучи на ЕУ во најкус можен рок.
Jоргос Шацимаракис, европратеник


Прашан дали ќе има последици неговото обраќање на македонски јазик во Грција, тој рече дека не се плаши бидејќи многу луѓе во Грција зборуваат македонски и немаат никакви проблеми. Повеќе ми е страв од реакцијата во Бугарија, рече Шацимаркакис.

Претходно на состанокот на мешовитиот параламентарен комитет беше решена дилемата околу придавката македонски усвоен е амандман во кој се вели дека ја зема предвид Резолуцијата на Собранието во која се вели дека се изразува загриженост за отсуството на придавката македонски во извештајот на ЕК за напредокот од 2009 наваму, и се очекува дека ЕК ова ќе го има предвид при изготвувањето на наредните извештаи за напредокот на РМ. Ова е компромисен амандман со оглед дека претходно македонските пратеници имаа поконкретно барање ЕК во иднина да ја напушти праксата на изоставање на придавката македонски. Копредседавачот на Мешовитиот комитет Кенан Хасипи оцени дека на состанокот делегатите успеале да се усогласат околу речиси сите точки.

„Најдовме сили како две делагации да укажеме дека ја делиме таа загриженост и дека оќекуваме дека во наредните извештаи ЕК ќе се врати на методологијата која ја применуваше до 2009 година.“
Најдовме сили како две делагации да укажеме дека ја делиме таа загриженост и дека оќекуваме дека во наредните извештаи ЕК ќе се врати на методологијата која ја применуваше до 2009 година
Кенан Хасипи, копретседавач на мешовитиот комитет


Инаку во останататите делови од заклучоците се забележува дека се пофалува напредокот постигнат по изминатиот извештај и се повторува барањето до Советот да ја потврди препораката на Комисијата без натамошно одлагање. Во препораките исто така се охрабруваат владите на Македонија и Грција да ги интензивираат преговорите во ОН за да се изнајде решение за разликите околу прашањето за името.
Во останатите делови од заклучоците се забележува дека Македонија продолжува да ги исполнува политичкие критериуми но дека треба да работи на останатите клучни предизвици, особено во слободата на
изразувањето на медиумите, независноста на судството, реформите на јавната администрација, борбата против корупцијата Исто така се изразува и жалење за за прекинатиот попис и се бара од владата да претстви кредибилен план за спроведување на процесот во блиска иднина.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG