На Деветиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет се разгледувале повеќе прашања во врска со односите на Македонија и Европската унија, како што се: реформите на јавната администрација, судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и
слободата со медиумите како и актуелната состојба со визната либерализација. Незаобиколна тема е и изоставувањето на придавката „македонски“ во извештајот на Европската Комисија.
Копретседавачот на Мешовитиот комитет Јорго Шацимаркакис кој претпладнето имаше средба со премиерот Груевски рече дека имале долга дискусија околу реформите што ќе се воведат по добивањето на извештајот и забелешките што беа посочени во него. Шацимаркакис како позитивен го нагласи високиот процент на граѓани кои и даваат поддршка на Унијата. Околу изоставувањето на придавката „македонски“ тој рече дека ги имаат предвид овдешните реакции и дека за тоа ќе се разговара во текот на дебатата:
„Ние не сакаме да се наруши имиџот на ЕУ и треба да најдеме решение.“
рече Шацимаркакис.
Копредседавачот на Мешовитиот комитет Кенан Хасипи посочи дека интензивно ќе се работи на усогласувањето на текстот околу нашите реакции поради неупотребувањето на придавката се додека не се постигне заедничко прифатливо решение:
„Очекувам препораките односно заклучоците што ќе ги усвоиме од овој наш состанок за отпочнување на преговорите без понатамошно одложување да бидат оценети како парламентарен придонес во процесот на приближување на нашата земја кон ЕУ. Во овој контекст верувам дека сите ќе го споделите моето уверување дека политиката за проширување треба да се одвива врз основа на индивидуалните заслуги на секоја земја кандидат, посебно.“
Известителот за Република Македонија од Комисијата за надворешни
работи на Европскиот парламент Ричард Ховит изјави дека Европскиот парламент не сака да ги забави перспективите на нашата земја во Унијата и уште еднаш ја нагласи и важноста од наоѓање решение за спорот со името со Грција:
„Сметам дека имам обврска, дека сите европски колеги имаме обврска да извршиме притисок да се постигне решение, притисокот што го извршуваме за решение е притисок врз двете страни и врз Атина и врз Скопје и воопшто не се двоумам тоа повторно да го изјавам.“
Вршителот на должност шеф на делегацијата на ЕУ во Република Македонија Роберт Лидл рече дека повторената препорака значи признавање дека се работи на исполнување на реформите, но дека остануваат и уште многу предизвици особено во делот на слободата на медиумите. Тој ја нагласи и потребата од дополнително зајакнување на капацитот на Собранието кое како што нагласи треба да има клучна улога во интеграциите кон ЕУ. На крајот на овој состанок се очекува да бидат разгледани и усвоени завршни препораки.
Сметам дека имам обврска, дека сите европски колеги имаме обврска да извршиме притисок да се постигне решение, притисокот што го извршуваме за решение е притисок врз двете страниРичард Ховит, известувач за Македонија во ЕП
слободата со медиумите како и актуелната состојба со визната либерализација. Незаобиколна тема е и изоставувањето на придавката „македонски“ во извештајот на Европската Комисија.
Копретседавачот на Мешовитиот комитет Јорго Шацимаркакис кој претпладнето имаше средба со премиерот Груевски рече дека имале долга дискусија околу реформите што ќе се воведат по добивањето на извештајот и забелешките што беа посочени во него. Шацимаркакис како позитивен го нагласи високиот процент на граѓани кои и даваат поддршка на Унијата. Околу изоставувањето на придавката „македонски“ тој рече дека ги имаат предвид овдешните реакции и дека за тоа ќе се разговара во текот на дебатата:
„Ние не сакаме да се наруши имиџот на ЕУ и треба да најдеме решение.“
рече Шацимаркакис.
Копредседавачот на Мешовитиот комитет Кенан Хасипи посочи дека интензивно ќе се работи на усогласувањето на текстот околу нашите реакции поради неупотребувањето на придавката се додека не се постигне заедничко прифатливо решение:
„Очекувам препораките односно заклучоците што ќе ги усвоиме од овој наш состанок за отпочнување на преговорите без понатамошно одложување да бидат оценети како парламентарен придонес во процесот на приближување на нашата земја кон ЕУ. Во овој контекст верувам дека сите ќе го споделите моето уверување дека политиката за проширување треба да се одвива врз основа на индивидуалните заслуги на секоја земја кандидат, посебно.“
Известителот за Република Македонија од Комисијата за надворешни
Очекувам препораките односно заклучоците што ќе ги усвоиме од овој наш состанок за отпочнување на преговорите без понатамошно одложување да бидат оценети како парламентарен придонес во процесот на приближување на нашата земја кон ЕУКенан Хасипи, копретседавач на Мешовитиот комитет