Достапни линкови

Песни на Ѓорго Димовски на арапски и хебрејски


Славе Ѓорго Димовски, македонски поет.
Славе Ѓорго Димовски, македонски поет.

Песните на македонскиот поет Славе Ѓорго Димовски, неодамна се објавени во неколку специјализирани списанија во Израел на арапски и хебрејски јазик. Со овие препеви неговата поезија е преведена на 27 светски јазици.

Десетина песни од Славе Ѓорго Димовски се објавени во неколку специјализирани списанија за литература во Израел на арапски и на хебрејски јазик. Преводите се на професорите Наим Араиди од Универзитетот во Хаифа и на Цвика Стерифелд. Со овие препеви творештвото на овој современ македонски поет е преведено дури на 27 светски јазици.
Тоа е лична сатисфакција и за мене, но јас повеќе давам нота на македонската литература, бидејќи ние сме едно мало јазично подрачје, со вакви преводи ние треба да презентираме што се случува во Македонија на литературно поле, што се пишува и дали го имаме светскиот чекор во рамките на поетското творештво.
Славе Ѓорго Димовски, поет.

„Тоа е лична сатисфакција и за мене, но јас повеќе давам нота на македонската литература, бидејќи ние сме едно мало јазично подрачје, со вакви преводи ние треба да презентираме што се случува во Македонија на литературно поле, што се пишува и дали го имаме светскиот чекор во рамките на поетското творештво.“

Димовски забележува дека се почесто се случува да бидат преведувани делата на нашите литературни творци, посебно оние од помладата генерација, што според него е очебиен доказ дека македонската поезија е застапена на сите континенти.

„Секој ден слушаме многу автори
Славе Ѓорго Димовски, македонскиот поет
Славе Ѓорго Димовски, македонскиот поет
пред се од помладата генерација на различни јазици се преведуваат, значи нашата поезија е застапена речиси на сите континенти.“

Роден во Велестово 1959 година, Славе Ѓорго Димовски е автор на голем број поетски, прозни и книги на есеи. Работи како наставник по македонски јазик и литература, има напишано и неколку книги за деца, а

Секој ден слушаме многу автори пред се од помладата генерација на различни јазици се преведуваат, значи нашата поезија е застапена речиси на сите континенти.

Славе Ѓорго Димовски, поет.

за своето творештво добитник е наградата „Браќа Миладиновци“ .

Негови последни изданија се книгите „Мерач на зборови” и „Поле. Бојно поле”, а како што самиот знае да забележи, во изминативе неколку години тој многу повеќе се бави со преведување на неговата поезија на други јазици отколку со обелоденување на новите ракописи затоа што смета оти неговото творештво не стигнало до степен кога исчекорот за авторот ќе биде повеќе од видлив во однос на претходните објави.

„Јас имам во мојата архива доста песни, но се уште не сум се одлучил за книга од неколку причини:прва причина е тоа што еден голем број од тие поетски текстови ми се слични на претходните, а за да се објави нова книга сигурно потребно е моето поетско истражување да оди напред. Се уште не сум стигнат до тој степен, не сум видел во тие текстови дека имам нешто ново, па затоа извесно време, малку ќе паузирам со објавување песни на мојот јазик.“

Инаку, Славе Ѓорго Димовски е член на Независните писатели на Македонија, основач и долгогодишен прв човек на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ и актуелен претседател на управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG