Иван Шопов, Ѓоко Здравески, Анета Попова, Мане Манушев, Драгана Евтимова, Афродита Николова, Марта Маркоска, Иван Антовски, Ратка Шоклеска, Божидар Божиновски, Ива Апостолска... се само некои од 20-тината млади македонски поети кои своите стихови ќе им ги претстават на вљубениците на убавиот збор на средбата што треба да се обистини во вторник навечер во книжарницата на издавачката куќа МАГОР од Скопје. Сите тие се учесници на конкурсот што ова книгоиздателство го распиша на почетокот од септември годинава, а во поттекст на целата акција е заложбата за силна и директна стимулација на творештвото на младите автори во нашава земја.
„Целта на конкретново читање не е да се издаде нечија збирка, целта е друга, да евентуално дојдат до израз оние коишто се квалитетни, да станеме свесни што се стои на располагање како квалитет во земјава, да станеме свесни за пишување и во иднина планираме да продолжиме со ваквите активности со тоа што можеби ќе организираме и читања на проза“, вели Маја Лазаревска од МАГОР.
Таа дополнува дека ова книгоиздателство е познато особено по своите усилби во промоцијата на македонското литературно творештво и дека во изминатиов период со нивен потпис се појавиле дела на автори како Никола Маџиров – најпродаваниот македонски поет на интернет, Владимир Мартиновски – автор на хаику поезија и годинешен добитник на наградата Браќа Миладиновци, Игор Исаковски, Лидија Димковска, Александар Прокопиев, Елизабета Шелева, Вангел Ноневски и други.
Лазаревска притоа забележува дека од најголема важност во ваквите настојби на МАГОР и останатите книгоиздателства кај нас е соодветната подршка од Министерството за култура. Говорејќи, пак, за сопствениот културен ангажман таа како посебност ја издвојува и потребата од редовно петочно претставување на артистите од актуелната македонска музичка сцена.
„Таа идеа беше родена уште пред да се отвори самата книжарница бидејќи во тоа време евидентно беше дека многу малку се поддржува македонската џез сцена што веќе не е случај, што многу ме радува и сите тие свирки се прилично посетени.“
Кон ова само уште информацијата дека во книжарницата и овој 8 октомври во чест на еден од оснивачите на книгоиздателството МАГОР - починатиот Љупчо Лазаревски ќе се одржи традиционалното литературно читање со учество на најпознатите современи македонски писатели.
Целта на конкретново читање не е да се издаде нечија збирка, целта е друга, да евентуално дојдат до израз оние коишто се квалитетни, да станеме свесни што се стои на располагање како квалитет во земјаваМаја Лазаревска, „Магор“
Таа дополнува дека ова книгоиздателство е познато особено по своите усилби во промоцијата на македонското литературно творештво и дека во изминатиов период со нивен потпис се појавиле дела на автори како Никола Маџиров – најпродаваниот македонски поет на интернет, Владимир Мартиновски – автор на хаику поезија и годинешен добитник на наградата Браќа Миладиновци, Игор Исаковски, Лидија Димковска, Александар Прокопиев, Елизабета Шелева, Вангел Ноневски и други.
Лазаревска притоа забележува дека од најголема важност во ваквите настојби на МАГОР и останатите книгоиздателства кај нас е соодветната подршка од Министерството за култура. Говорејќи, пак, за сопствениот културен ангажман таа како посебност ја издвојува и потребата од редовно петочно претставување на артистите од актуелната македонска музичка сцена.
Таа идеа беше родена уште пред да се отвори самата книжарница бидејќи во тоа време евидентно беше дека многу малку се поддржува македонската џез сцена.Маја Лазаревска.