Невладините организации од Куманово во соработка со локалните јавни субјекти ги презентираа тримесечните резултати од програмата за подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците.
Линдита Реџепи од Центарот за меѓукултурен дијалог вели дека три невладини организации работеле со поддршка на Обединтетие нации, во рамки на УНДП, УНИЦЕФ и УНЕСКО, финансирани од Фондот за достигнување на Милениумските развојни цели.
„Се работеше на идентификување на различни потреби и потребите за интервенција и различни проблеми, во рамките на културата, религија, млади и спорт и социјалните проблеми. Резултатите кои се постигнати се во однос на вмрежување на сите чинители вклучени во оваа работа.“
Комисијата за меѓуетнички заедници сега полесно пристапува кон овие организации, бидејќи и некои од советниците биле вклучени во работата на реализирање на проектите за меѓукултурниот дијалог.
Ивана Давидовска од Здружението на граѓани „Стритс фестивал“ додава:
„Проектот имаше за цел промовирање културна платформа во Куманово односно да ја направи малку меѓуетнички посензитивна. Формиравме четири мултиетнички бендови кои издадоа албум со четири песни и имаа свои настапи. Соработувавме и со другите релевантни чинители, Советот на ОК, Општината, со Комисијата за меѓуетнички односи, со Секторот за култура, медиумите. Како резултат излезе и брошурата, а музичкиот мултиетнички албум веќе се пушта на радиата во Куманово.“
Тања Крстевска од Здружението на жени „Сирма“ го потенцира нивниот успех во претходниот период.
„Донесување програма на Комисијата за односи меѓу заедниците, која е усвоена и од општинскиот Совет, и излезена е во Службен гласник на Општината Куманово бр. 1/2011. Во програмата се опфатени активности кои ќе ги спроведува Комисијата, како и соработка со Местните заедници и една коегзистенција меѓу основните училишта кои за првпат направија програма и секој си ја презентираше на својот мајчин јазик“, вели Крстевска.
Миралеме Таири од турската етничка заедница е член на Комисијата за односите меѓу заедниците и вели дека нивните цели за подобрување на меѓуетничките односи за сега се во запознавање со културата на другиот.
„Беше одржана Василичарската вечер организирана од ромската, а Светосавската вечер од српската заедница. Сите заедници имаат предвид организирање нешто, се разбира за празниците. На пример, ние од турската заедница се одлучивме за време на рамазанските пости да организираме Бајрамска вечер со муслиманските ритуали, во мај влашката заедница ќе организира Денот на Власите.“
Претставниците од сите заедници организраат и културни поетско-музички вечери и како што вели Таири најважно од се е што сите меѓусебе се запознаваат, се зближуваат и се дружат.

Формиравме четири мултиетнички бендови кои издадоа албум со четири песни и имаа свои настапи.
„Се работеше на идентификување на различни потреби и потребите за интервенција и различни проблеми, во рамките на културата, религија, млади и спорт и социјалните проблеми. Резултатите кои се постигнати се во однос на вмрежување на сите чинители вклучени во оваа работа.“
Комисијата за меѓуетнички заедници сега полесно пристапува кон овие организации, бидејќи и некои од советниците биле вклучени во работата на реализирање на проектите за меѓукултурниот дијалог.
Ивана Давидовска од Здружението на граѓани „Стритс фестивал“ додава:
Беше одржана Василичарската вечер организирана од ромската, а Светосавската вечер од српската заедница. Ние од турската заедница се одлучивме за време на рамазанските пости да организираме Бајрамска вечер со муслиманските ритуали.