Достапни линкови

Дијалог за подобрување на соживотот


Струга
Струга

Во Струга спроведен проектот „Единство во различноста“. Повеќе од 200 ученици, граѓани, професори, интелектуалци, бизнисмени и новинари од различни етникуми отворија дијалог за подобрување на соживотот.

Со културни настани на струшкото пливалиште, а потоа и на другата страна од Дрим, изложба на фотографии од Струга и стружани, доделување на награди на авторите и музики настапи, стружани ќе го означат крајот на шестмесечниот проект „Единство во различноста“, што во оваа мултиетничка средина го реализира локалната агенција за развој, поодржан од програмата на ОН, „Зајакнување на дијалогот и соработката меѓу
Општ заклучок од дебатите е дека порано се живеело многу подобро. Не само во времето на на поранешна Југославија, туку и претходно во Турското време, речиси и да немало некои поголеми меѓуетнички конфликти, како што има денес.
етничките заедници“. Низ дебати со 200 учесници, граѓани, претставници на различни етникуми, религии, познати професори и интелектуалци, бизнис луѓе, новинари и зимски камп на ученици во Крушево, стружани го отворија дијалогот меѓу различните етнички заедници во Струга, ги уриваа бариерите и предрасудите на различностите, за кои сметаат дека ги немало во минатото, а сега се резултат на политички манипулации и мешање на централната власт во локалните проблеми.


„Општ заклучок од дебатите е дека порано се живеело многу подобро. Не само во времето на на поранешна Југославија, туку и претходно во турско време, речиси и да немало некои поголеми меѓуетнички конфликти, како што има денес. Јазикот, обичаите, црквите, знаеме дека се уште се сочувани дури и по 500 години, на еден начин, окупација на Македонија. Луѓето соработувале, се збратимувале, без разлика на верата, важна била чесноста, важен бил зборот. Најважно било да бидеш човек од збор, а религијата и етницитетот, дошле многу подоцна. Ова што се случува денес, за жал е резултат на претерана исполитизираност на сите нивоа и лошата економска состојба, што ја ослабнува самодовербата
Најважно било да бидеш човек од збор, а религијата и етницитетот, дошле многу подоцна. Ова што се случува денес, за жал е резултат на претерана исполитизираност на сите нивоа и лошата економска
состојба.
индивидуално кај луѓето и довербата меѓу различните етнички групи и ги прави граѓаните подложни на манипулации“, вели Катерина Василевска, координатор на проектот.

Во рамките на проектот се обработувале и чувствителните актуелни прашања, за влијанието на минатого врз сегашноста, кој решава кое минатото ќе се третира како културно наследство и дали тоа е основа за креирање на конфликти.

Дебата меѓу ученици во рамки на проектот
„Денешните политички партии многу добро и многу мудро ги користат сите белези на едно културно наследство за да провоцираат и да создадат конфликт меѓу луѓето. Наместо прекрасното културно наследство што во Македонија го имаат сите етнички групи, да се користи за да се покажеме пред светот и да изградиме едно име на многу богата мултиетничка држава, каде од секогаш се почитувале групите меѓу себе, за жал, тоа денес се користи во неговата најлоша форма, да се создаде конфликт. Таа различност и тоа културно наследство се користат како белези во стилот - „ете вие сте поинакви, не сте како другите, тие другите се полоши од вас“. Тоа беше заклучокот. За жал во сето тоа многу помагаат и медиумите“, вели Василевска.

Таа го посочува и клучот за подобар заеднички соживот во Струга, што во поблиското минато често пукаше токму на етничка основа.

„Треба да се остави Струга на стружани. Локалната заедница да има сила и моќ да одлучува сама за себе, бидејќи самите граѓани на Струга најдобро знаат како да живеат мултиетнички. Тоа го прават, не со децении, туку со столетија. И пред да се измеша централната власт, во Струга се живеело многу добро. Никогаш немало големи проблеми како што има сега. Едноставно треба да се остави власта на самите граѓани на Струга, кои најдобро знаат и се најзаинтересирани за да живеат добро со сите етнички групи. Тогаш ќе се средат работите сами од себе, како што секогаш и биле добри“, вели Катерина Василевска од Локалната агенција за развој, што постои седум години.

Вели дека Агенцијата и натаму ќе работи на проекти насочени кон подобрување на квалитетот на животот во Струга и југозападниот регион на Македонија.
XS
SM
MD
LG