Достапни линкови

Црквите се ограбуваат, државата не реагира


Отец Благоја Спировски.
Отец Благоја Спировски.

Украдени се 33 вредни икони од дебарската црква „Успение на Пресвета Богородица“, за неполн месец. Во дебарската Парохија велат дека последните години постојано бараат заштита од надлежните институции, но досега таква заштита не добиле.

Од 1988 година во општина Дебар, но и пошироко во најзападниот регион на Република Македонија, има појава на кражби на вредни икони од црквите и манастирите. Од црквата „Успение на пресвета Богородица“ во Дебар повеќе пати се украдени вредни икони кои се дела на познатиот Дичо Зограф.
Во дебарската Парохија велат дека последните години постојано е барано заштита од надлежните институции, но досега таква заштита не е добиена. Последните недели во оваа дебарска црква која датира од 11 век, се извршени повторно големи кражби, а штетите за црквите и православието се огромни.
Благоја Спировски, свештеник.

„Во дебарската Парохија велат дека последните години постојано е барано заштита од надлежните институции, но досега таква заштита не е добиена. Последните недели во оваа дебарска црква која датира од 11 век, се извршени повторно големи кражби, а штетите за црквите и православието се огромни“, вели отец Благоја Спировски.
Црква „Успение на пресвета Богородица“ во Дебар.
Црква „Успение на пресвета Богородица“ во Дебар.

„За нешто повеќе од еден месец украдени се 33 икони кои се од непроценлива вредност. Тие се многу стари и вредни и се дело во најголем дел од познатиот дебарски зограф -Дичо. Оваа црква е катедрална и во близина е митрополијата. Таа е изградена во 11 век и е богата со икони. Црквата е оштетувана повеќе пати, а потоа санирана и доградувана.“

Со оглед дека во црквите има икони, кои имаат непроценлива вредност, постојано се бара институционална заштита, вели отец Спировски.
За нешто повеќе од еден месец украдени се 33 икони кои се од непроценлива вредност. Тие се многу стари и вредни и се дело во најголем дел од познатиот дебарски зограф -Дичо.
Благоја Спировски, свештеник.

„Кога започнаа кражбите во западниот дел на Македонија имавме состанок во Охрид со припадници на полицијата, на кој имаше и инспектори од Дебар. Ние ги презедовме сите активности од наша страна. Вратата и прозорците ги обезбедивме со железни арматури, и го направивме нашето во двете цркви. Посебно беше се во ред со заштитата во црквата „Успение на пресвета Богородица“ која е во горниот дел од градот. Имавме неколку пати потоа доставени барања за да оваа црква биде институционално заштитена поради вредните икони бидејќи имаше кражби и претходно. Потоа при една посета на оваа црква од страна на претседателот Ѓорге Иванов, го замоливме да го искористи неговиот авторитет за да имаме позитивен одговор од министерството за Култура кое ја префрлаше топката на Центарот за заштита на културно историските споменици. Но се застана тука. Потоа добивме од кабинетот на претседателот писмо во кое беше посочено дека надлежната институција ќе го реши проблемот во 2011 година. Но и потоа не беше сторено ништо. Потоа ни се сугерираше да конкурираме во оваа насока, така што сега доставуваме ново барање но тоа значи дека заштитата би била дури во 2013 година“, вели Спировски.

Во очекување да се воспостави институционална заштита на црквите во Дебар, деновиве по кражбите на иконите и оштетувањата на прозорците и вратите, црковниот одбор повторно има активности за да се заштитат другите икони кои се уште се во црквите.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG