Достапни линкови

За копаничарските дела интерес има, но пари нема


 Будимир Апостолски, копаничар од Тетово.
Будимир Апостолски, копаничар од Тетово.

Копаничарот Будимир Апостолски вели дека интересот на изработки од дрво, дрворези, и икони последниве години е во пораст, но неповолната економска состојба го прави своето.

Под вештите раце на копаничарот од Тетово, Будимир Апостолски, секое дрво раскажува своја приказна. Секоја работа која што се работи со љубов и волја не поминува незабележана, така е и со дрворезот. И кога на крајот ќе го погледнете изработеното дело, сите пречки со кои што сте се соочувале во текот на работењето се забораваат.
Јас има две дела во Ватикан, имам две парчиња реставрација во Свети Јован Бигроски, имам едно дело во кабинетот на Путин, потоа кај афирмирани луѓе од политиката, културата и спортот. Скоро во целиот свет имам пласирано дела.
Будимир Апостолски, копаничар.

Апостолски е горд на фактот што многу познати личности од земјава и од странство, од сите сфери на јавниот и општествен живот, како и многу домашни и странски институции имаат по некое парче од неговата богата ризница на изработки од дрво.

„Јас има две дела во Ватикан, имам две парчиња реставрација во Свети Јован Бигроски, имам едно дело во кабинетот на Путин, потоа кај афирмирани луѓе од политиката, културата и спортот. Скоро во целиот свет имам пласирано дела.“

Интересот на изработки од дрво, дрворези, икони и слично, последниве години е во пораст, но неповолната економска состојба на поголем дел од граѓаните го прави своето, сметаат копаничарите.
Сега во последно време се прават и сувенири, така да и нашите луѓе овде и многу странци купуваат и ги земаат како подароци. Интересот е зголемен, но проблемите со немаштијата и сиромаштијата го прават своето, затоа што ова е скапа дисциплина, но се сноѓаме.
Будимир Апостолски, копаничар.

„До пред извесен период, да речеме до пред една година, Македонија немаше сувенири. Иако имавме многу работи од традицијата и културата ние некако не можевме да се презентираме во таа насока. Сега во последно време се прават и сувенири, така да и нашите луѓе овде и многу странци купуваат и ги земаат како подароци. Интересот е зголемен, но проблемите со немаштијата и сиромаштијата го прават своето, затоа што ова е скапа дисциплина, но се сноѓаме“.

Копаничарските дела создадени во ателјето на тетовецот Будимир Апостолски пленат со својата убавина. Дел од нив се изложени во домот на овој уметник, но голем број други ги красат домовите на голем број љубители на овој вид на уметност. Преку отворањето на продавници за сувенири достапноста на ваквите дела до заинтересираните ќе биде многу поголема. Па тогаш и странските посетители многу полесно ќе можат во својата татковина да си понесат изработки со елементи од македонското културно наследство.
XS
SM
MD
LG