Се сретнал ли претседателот Ѓорге Иванов со неговиот американски колега Барак Обама во Њујорк или само се поздравиле и се фотографирале? Му рекол ли шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос на македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски дека Македонија веќе не е закана за неговата земја или за такво нешто не станало збор.
Во изминативе неколку дена јавноста е бомбардирана од различни информации од средбите на државните претставници во Њујорк, па е тешко да се утврди за што всушност таму се разговарало. Ова, според нашите соговорници, го нарушува кредибилитетот на институциите кои ги испраќаат овие информации до јавноста.
По средбата на Попоски со Аврамопулос, македонските медиуми, повикувајќи се на извори во македонската делегација, објавија дека грчкиот министер рекол дека Македонија веќе не претставува закана за Грција. Грчкото министерство потоа го демантираше тоа, а македонската дипломатија подоцна излезе со соопштение со поумерени квалификации во кое се вели дека „двајцата министри се согласија дека во изминатите дваесет години е направен напредок во регионалната политичка клима и дека времињата се променети“.
Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, пак, објави дека претседателот присуствувал на прием организиран од претседателот на САД во чест на шефовите на делегации кои учествуваат на 67. Генерално собрание на Обединетите нации, при што се сретнал и со американскиот претседател Барак Обама. Дел од медиумите вчера го објавија соопштението од Белата куќа во кое се вели дека „претседателот Обама не планира билатерални средби со светски лидери за време на Генералното собрание на ОН оваа недела.“
Новинарот Борјан Јовановски, кој има искуство и како портпарол на поранешниот претседател Борис Трајковски, вели дека се добива впечаток дека наводната средба на претседателот Иванов со американскиот претседател Обама е само куртоазно поздравување кое веројатно не ни заслужува да биде објавено како настан. Во однос на средбата меѓу Попоски и Аврамопулос, Јовановски вели дека е несериозен обидот да се пренесе една сериозна вест, како таа дека Грција смета дека Македонија веќе не е закана за нив, преку извори од македонската делегација. Искуството покажува дека кога има соопштение за некоја средба, двете институции ги усогласуваат ставовите и она што ќе биде објавено. Јас би им верувал само на официјалните соопштенија - и од грчкото и од македонското МНР, вели Јовановски.
„Мислам дека на тој начин само се злоупотребува и се манипулира јавноста, а со тоа конечно и се прави штета на самата институција, бидејќи самата институција си го нарушува сопствениот кредибилитет“, вели Јовановски.
Комуникологот Климе Бабунски вели дека кога луѓето во институциите задолжени за односи со јавност, но и новинарите, би се држеле до професионалните стандарди не би доаѓало до вакви ситуации.
„Треба да се држат за вистината како слеп за стап. Веродостојното претставување на нештата е прв и последен критериум за оценување на институциите. Истото важи и за медиумите“, вели Бабунски.
Претседателот Иванов денеска се среќава со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, а за утре е предвидена средба со медијаторот Метју Нимиц и обраќање пред Генералното собрание на ОН.
Мислам дека на тој начин само се злоупотребува и се манипулира јавноста, а со тоа конечно и се прави штета на самата институција, бидејќи самата институција си го нарушува сопствениот кредибилитет.Борјан Јовановски, новинар, поранешен портпарол на претседателот Борис Трајковски.
Во изминативе неколку дена јавноста е бомбардирана од различни информации од средбите на државните претставници во Њујорк, па е тешко да се утврди за што всушност таму се разговарало. Ова, според нашите соговорници, го нарушува кредибилитетот на институциите кои ги испраќаат овие информации до јавноста.
Треба да се држат за вистината како слеп за стап. Веродостојното претставување на нештата е прв и последен критериум за оценување на институциите. Истото важи и за медиумите.Климе Бабунски, комуниколог.