Со нов пристап кој има за цел да нагласи дека надминувањето на билатералниот спор околу името е заеднички интерес на двете земји ќе настапи министерот за надворешни работи Никола Попоски на веќе најавената средба в понеделник со неговиот грчки колега Аврамопулос за време на Генерално собрание на ОН. Ова, имајќи го предвид и тоа дека НАТО во минатото ги носел одлуките врз база на заедничкиот интерес, а тоа е мир и просперитет, појасни Попоски, кој рече и дека обидите ќе одат во насока да ги урнеме бариерите кои ни се вештачки наметнати дека претставуваме закана за некого, како и тоа да се покажат како невалидни досегашните грчки аргументи во таа насока.
Не треба да креираме посебни очекувања, да почекаме средбата да се случи и од неа да извлечеме заклучоци за тоа дали тој ќе биде пресретнат и од другата страна, додаде на денешниот брифинг Попоски.
Шефот на македонската дипломатија рече дека засега не гледа материјал за создавање негативна клима со соседна Бугарија и дека е убеден оти Бугарија нема никаков интерес да стане нова бариера за македонското членство во ЕУ и НАТО. Станува збор за измислени перцепции и наметнати провокации кои пред сè ги креираат одредени медиуми и политичари кои немаат голема тежина, па доколку одговориме на таквата наметната реторика и ние би придонеле за создавање на таква клима, додаде Попоски.
Македонија не била никогаш поподготвена за отпочнување пристапни преговори со Унијата, рече на денешниот брифинг Попоски и во тој контекст, пристапниот дијалог на високо ниво ќе се третира како начин за скратување на тој пат, што значи целта нема да биде само создавање позитивна клима и примање позитивни пораки туку и добивање датум за отпочнување преговори.
Не треба да креираме посебни очекувања, да почекаме средбата да се случи и од неа да извлечеме заклучоци за тоа дали тој ќе биде пресретнат и од другата страна.Никола Попоски, министер за надворешни работи.