Достапни линкови

Филе - Почнувањето преговори со ЕУ е и политичка одлука


Eврокомесарот за проширување Штефан Фуле се сретна со премиерот Никола Груевски во Скопје.
Eврокомесарот за проширување Штефан Фуле се сретна со премиерот Никола Груевски во Скопје.

Правилата на игра во однос на препораката на ЕУ се и дека тоа претставува и политичка одлука, рече еврокомесарот за проширување Штефан Филе, барајќи да продолжат реформите.

Третата рунда разговори во рамките на дијалогот на високо ниво работите само ги врати на самиот почеток. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, не само што побара повеќе резултати, потсети и на правилата на игра.
Пораката којашто му ја пренесов на премиерот и на неговите колеги министри е дека треба да се стремите да продолжите да ги подобрувате односите со сите ваши соседи, конструктивно и сочувствително имајќи ги предвид сите чувствителности на партнерите.
Штефан Филе, еврокомесар за проширување.

„Исто така можам да кажам дека правилата на игра во однос на препораката на ЕУ се и дека тоа претставува и политичка одлука“, рече Филе.

Од претходниот оптимизам остана само позитивното чувство кај еврокомесарот во врска со извештајот на Eвропската комисија за напредокот на земјава кој се очекува да биде објавен на 10 октомври. Сè останато зависи од резултатите што земјава ќе ги испорача до декември. Како што најави при самото доаѓање, за првпат во дијалогот било отворено и прашањето за името. За детали не рaзговаравме зaшто тој процес спаѓа во ингеренции на ОН и таму треба и да продолжи, додаде Филе информирајќи единствено за пораката што им ја пренел на македонските власти.
Владата и органите на државната управа работат со полн капацитет и предизвиците и различните стојалишта на политичките партии, колку и да изгледаат непремостливи, немаат потенцијал да предизвикаат дестабилизација на меѓуетничките односи и тензии во општеството.
Никола Груевски, премиер на Македонија.

„Пораката којашто му ја пренесов на премиерот и на неговите колеги министри е дека треба да се стремите да продолжите да ги подобрувате односите со сите ваши соседи, конструктивно и сочувствително имајќи ги предвид сите чувствителности на партнерите.“

Утрината Филе пред Националниот совет за евроинтеграции ги разби и сите надежи околу хашката пресуда и нејзината помош за евроинтеграциите. Пресудата не е магично решение, иако сите го чекаат тоа. Крајниот резултат зависи од тоа што ќе го испорача земјава до декември, појасни еврокомесарот во врска со датумот за отпочнување преговори. Наведе дека главниот успех на дијалогот се состои во тоа што е задржано вниманието на земјава за евроагендата и дека тој не е празна активност туку рецепт како се стасува до преговорите. Овој пат Филе дојде, како што рече, со загриженост околу функционирањето на партиите во контекст на етничките односи и потсети на нивните обврски во врска со тоа, но и консеквенците што земјава може да ги има од тоа.

Премиерот Груевски по средбата со Филе рече дека се вложуваат напори за излез од владината криза преку секојдневни контакти на сите нивоа.

„И во таа насока би истакнал дека Владата и органите на државната управа работат со полн капацитет и предизвиците и различните стојалишта на политичките партии, колку и да изгледаат непремостливи, немаат потенцијал да предизвикаат дестабилизација на меѓуетничките односи и тензии во општеството“, рече Груевски.

Груевски рече и дека македонската влада останува посветена на соработката со Грција и е подготвена на средби со грчките претставници на сите нивоа.
XS
SM
MD
LG