Заложбите на Македонија да стане дел од евроатланското семејство, нејзината посветеност да ги спроведе потребните реформи и можноста да се деблокираат евроатланските процеси, беа презентирани до високите европски претставници во Брисел. Средбите на македонскиот претседател Ѓорге Иванов и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмунсен и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц завршија со утешителни пораки за продолжување на реформите, но и со апел за брзо решавање на спорот за името.
Комесарот Филе одби да одговори дали одредницата „македонски” ќе се најде во октомврискиот извештај, потенцирајќи дека ислушал се што македонскиот претседател имал да му каже во врска со тоа.
„Двајцата се фокусиравме на суштината, што треба да се направи за вашата земја да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ и тоа да се случи набрзо, а не подоцна. Апсолутно нема потреба претседателот Иванов да бара поддршка од мене за евроинтегративниот процес. Јас секојдневно го правам тоа. Силно го поддржувам тој процес и силно верувам дека македонското членство во Унијата ќе го зајакне процесот на проширување и ќе донесе бенефит за сите граѓани во државата“, изјави еврокомесарот Филе, кој на 17 септември доаѓа во Скопје на третата средба посветена на Претпристапниот дијалог на високо ниво.
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов изјави дека очекува позитивен извештај за напредокот на нашата земја.
„Очекуваме позитивен извештај и насочени сме токму кон содржината на извештајот, а тоа што имаме да го кажеме ќе го кажеме откако ќе го добиеме извештајот“, рече Иванов.
На средбата со генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмунсен, Иванов ја потврдил посветеноста на земјава да ги исполни потребните стандарди за зачленување во Алијансата и упатил апел до членките на НАТО да бидат конструктивни за да се дојде до тој долгоочекуван консензус, кој е неопходен за членство на Македонија во Алијансата.
„И покрај тоа што нашите очекувања не се исполнија на Самитот на НАТО во Чикаго, сакам да нагласам дека ние не сме обесхрабрени, продолжуваме со сето она што е наша обврска кон НАТО, исполнувајќи ги сите критериуми и стандарди“, рече Иванов.
Претседателот упати покана до како што рече пријателите од Атина да седнат и да разговараат за заеднички да се дојде до решение на проблемот. Расмунсен, пак, ја повтори одлуката на Алијансата од Самитот во Букурешт во 2008 година.
„Ние донесовме одлука на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, а тоа е дека сме подготвени да и дадеме покана за почеток на пристапни преговори на вашата земја, веднаш кога ќе биде донесено заедничко прифатливо решение за прашањето за името. Ние сме подготвени тоа да го исполниме. Процесот се одвива меѓу Скопје и Атина и одлуката на НАТО во Букурешт беше поддржана од сите членки на Алијансата. Сите одлуки во НАТО се носат со консензус и ни треба согласност од сите членки за почеток на преговори за членство“, истакна Расмусен.
Посетата на Иванов и Попоски во Брисел продолжува. Таа е редовна и е во пресрет на октомврискиот извештај за напредокот на земјата, како и пред посетата на Филе во Скопје. Од разговорите во Брисел аналитичарите не очекуваат поголеми поместувања како во поглед на прашањето за името, така и во поглед на нашите шанси за добивање датум за почеток на преговорите, но сепак додаваат дека каков било контакт со Брисел, не треба да се потцени.
Двајцата се фокусиравме на суштината, што треба да се направи за вашата земја да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ и тоа да се случи набрзо, а не подоцна. Апсолутно нема потреба претседателот Иванов да бара поддршка од мене за евроинтегративниот процес. Јас секојдневно го правам тоа. Силно го поддржувам тој процес и силно верувам дека македонското членство во Унијата ќе го зајакне процесот на проширување и ќе донесе бенефит за сите граѓани во државата.Штефан Филе, еврокомесар за проширување.
Комесарот Филе одби да одговори дали одредницата „македонски” ќе се најде во октомврискиот извештај, потенцирајќи дека ислушал се што македонскиот претседател имал да му каже во врска со тоа.
„Двајцата се фокусиравме на суштината, што треба да се направи за вашата земја да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ и тоа да се случи набрзо, а не подоцна. Апсолутно нема потреба претседателот Иванов да бара поддршка од мене за евроинтегративниот процес. Јас секојдневно го правам тоа. Силно го поддржувам тој процес и силно верувам дека македонското членство во Унијата ќе го зајакне процесот на проширување и ќе донесе бенефит за сите граѓани во државата“, изјави еврокомесарот Филе, кој на 17 септември доаѓа во Скопје на третата средба посветена на Претпристапниот дијалог на високо ниво.
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов изјави дека очекува позитивен извештај за напредокот на нашата земја.
И покрај тоа што нашите очекувања не се исполнија на Самитот на НАТО во Чикаго, сакам да нагласам дека ние не сме обесхрабрени, продолжуваме со сето она што е наша обврска кон НАТО, исполнувајќи ги сите критериуми и стандарди.Ѓорге Иванов, претседател на Македонија.