Во пресрет на презентацијата на резултатите од претпристапниот дијалог на високо ниво пред еврокомесарот Штефан Филе, вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи вели дека е задоволна од досега сработеното и очекува успешна трета рудна преговори.
Таа, во интервју за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела, вели дека главното оценување ќе се одвива за трите големи прашања, сетот закони кои се однесуваат на изборите, законот за декриминализација на клеветата и извештајот за реализација на Охрискиот договор. На прашањето дали е постигната целта, како што е наведено во патоказот „доволна одвоеност на државата од партијата“, Арифи вели дека е проблем да се заклучи со краток одговор, со да или со не, но е постигнат напредок. Таа додава дека сомневањата за финансирањето на партиите кои се наметнаа по минатите избори каде што поединци давале илјада евра за кампања, а во изјави за медиумите тврдеа дека не се сеќаваат, останува отворена дилема.
„Значи тоа е и дилема која е останата како отворена како таква. Секако дека во рамки на консултациите на политичките партии и од опозицијата и од позицијата ќе се види како тоа да се надмине како забелешка од страна на ОДИХР и ОБСЕ и на претходните избори што повеќе пати беше кажана. За тоа прашање очигледно ќе ни треба пошироко договарање како тоа би го решиле, дали би го вратиле старото законско решение или засега ќе останеме на ова. Ова е прашање што треба да се реши.“
Сетот измени на изборните закони засега се доставени на ревизија до ОБСЕ и ОДИХР, но сè уште не се влезени во собраниска процедура, со што ќе се пролонгира рокот наведен во патоказот. Со нив треба да се избегнат слабостите во системот, како што се спречување на конфликт на интереси меѓу владините позиции и оние кои се кандидати во изборната трка, детална ревизија на избирачкиот список, создавање на поефикасни механизми за ревизија и заштита од незаконско финансирање на партиите за време на изборна кампања како и одредување на рокови за ревизорски извештаи пред денот на изборите.
Опозицијата неодамна излезе со став дека нема „суштински измени во Изборниот законик“ и дека може да ги бојкотираат изборите доколку не се гарантираат фер услови за сите.
Љупчо Петковски од Македонскиот центар за европско образование вели дека одвојувањето на државата од партијата е голем проблем и една од најамбициозните цели во патоказот, но ова е проблем на политичка култура и е поширок од тесното сфаќање на Владата само како дел од изборната реформа.
„Или како што го сфаќа владата само како обезбедување на независност на извршните функции од функцијата кандидат во време на изборна кампања, или во некој законски определен рок пред изборите. Е сега, законот е готов и од информациите што ги имаме може да се види дека е прифатено премалку од она што го препорачува, како ОДИХР, така и Советот на Европа и другите меѓународни релевантни институции. Може веќе да се антиципира како Владата ќе одговори на критиките – ќе одговара со аргументот дека се направени промени само за претстојните локални избори.“
Аналитичарите забележуваат дека во оваа фаза во спроведувањето на задачите на патоказот, мерките се изведени само колку да помине процесот, а воедно многу малку биле вклучени засегнатите страни кои не се дел од власта, а би можеле да понудат подобри решенија.
Значи тоа е и дилема која е останата како отворена како таква. Секако дека во рамки на консултациите на политичките партии и од опозицијата и од позицијата ќе се види како тоа да се надмине како забелешка од страна на ОДИХР и ОБСЕ и на претходните избори што повеќе пати беше кажана. За тоа прашање очигледно ќе ни треба пошироко договарање како тоа би го решиле, дали би го вратиле старото законско решение или засега ќе останеме на ова. Ова е прашање што треба да се реши.Теута Арифи, вицепремиерка за евроинтеграции.
Таа, во интервју за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела, вели дека главното оценување ќе се одвива за трите големи прашања, сетот закони кои се однесуваат на изборите, законот за декриминализација на клеветата и извештајот за реализација на Охрискиот договор. На прашањето дали е постигната целта, како што е наведено во патоказот „доволна одвоеност на државата од партијата“, Арифи вели дека е проблем да се заклучи со краток одговор, со да или со не, но е постигнат напредок. Таа додава дека сомневањата за финансирањето на партиите кои се наметнаа по минатите избори каде што поединци давале илјада евра за кампања, а во изјави за медиумите тврдеа дека не се сеќаваат, останува отворена дилема.
Или како што го сфаќа владата само како обезбедување на независност на извршните функции од функцијата кандидат во време на изборна кампања, или во некој законски определен рок пред изборите. Е сега, законот е готов и од информациите што ги имаме може да се види дека е прифатено премалку од она што го препорачува, како ОДИХР, така и Советот на Европа и другите меѓународни релевантни институции. Може веќе да се антиципира како Владата ќе одговори на критиките – ќе одговара со аргументот дека се направени промени само за претстојните локални избори.Љупчо Петковски, Македонски центар за европско образование.