Пораките од Филе беа недвосмислени, дека овие зададени ветувања од акцискиот план за дијалогот на високо ниво не смеат да останат на хартија, туку треба да бидат имплементирани, беше единствената информација од утринскиве средби кои комесарот Филе ги одржа во македонскиот парламент во рамките на отпочнатат втора рунда разговори со македонските власти, која пред новинарите ја пренесе пратеникот од СДСМ Гордан Георгиев.
Пратениците од опозицијата изразија изненадување што средбата не е отворена за новинарите со оглед на тоа што прва точка во дијалогот е слободата на изразување во која прва обврска е дијалогот со новинарите да продолжи со конкретни резултати од него. Филе на оваа втора рунда од планираните разговори во рамките на дијалогот на високо ниво меѓу Македонија и ЕУ утринава се сретна со пратениците од комисиите за европски прашања, за надворешна политика, националниот совет за евроинтеграции и мешовитиот комитет меѓу Македонија и ЕУ, а претходно и со претседателот на парламентот, Трајко Вељаноски.
Како што беше претходно најавено, еврокомесарот овојпат доаѓа со цел да ги провери резултатите од претходно договорениот акцискиот план кој беше детализиран во март. Овој план кој требаше да биде преточен во оперативен план со детални ветувања од македонската влада кон средината на април, вицепремиерката за евроинтеграции, Теута Арифи го презентираше пред поратениците и пред јавноста неколку дена пред повторното доаѓање на Филе во Македонија.
Акцискиот план кој го подготви владата содржи 150 ветувања за кои се обврза дека делумно во јуни, а заклучно со септември ќе ги исполни. За нас сето тоа изгледа само како оптимистички ветувања на хартија, изјави по денешната средба на Филе со пратениците од четирите комисии, Гордан Георгиев од СДСМ.
„Она што за нас е битно како опозиција е како никогаш досега дијалогот е персонализиран и тоа персонализиран во името и презимето на Никола Груевски, што значи дека евентуалото спроведување или евентуалното неспроведување на реформи ќе се персонализира на Никола Груевски и тоа е многу важно бидејќи досега власта секогаш се обидуваше да се дифузира или да ја споделува одговорноста. “
Брисел претходно ги наведе проблематичните точки во пет области и тоа слободата на изразување, владеење на правотот, изборното законодавство, пазарната економија, реформи во јавната администрација.
Во оперативниот план што го претстави Арифи наведени се прецизни рокови и тоа се најавува продолжување на дијалогот со новинарите иако тој на некој начи е влезен во ѓорсокак, обука на судиите како да ги третираат случаите на клевета, измени и дополнувања на законот за финасирање на политичките партии во согласност со препораките на ГРЕКО, утвредување начин како да се проверува веродостојноста на изјавите за судир на интереси ккао и извештај за покренатите постапки каде што ќе се утврдат неправилности. Се најавува јакнење на одделот за борба против организираниот криминал, изготвување методологија за вработување на кадри по рамковниот договор и многу други обврски.
Она што за нас е битно како опозиција е како никогаш досега дијалогот е персонализиран и тоа персонализиран во името и презимето на Никола Груевски, што значи дека евентуалото спроведување или евентуалното неспроведување на реформи ќе се персонализира на Никола Груевски и тоа е многу важно бидејќи досега власта секогаш се обидуваше да се дифузира или да ја споделува одговорноста.Гордан Георгиев, СДСМ.