Достапни линкови

Се стеснува просторот за изговори пред ЕУ


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и премиерот Никола Груевски во Скопје на 5 септември 2011 година.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и премиерот Никола Груевски во Скопје на 5 септември 2011 година.

Владата усвои оперативен план за реформите во петте точки од дијалогот на високо ниво со ЕУ.

Владата го усвои документот на оперативниот план за продолжување на реформите во петте познати точки договорени во дијалогот на високо ниво кој Македoнија го започна со Европската унија минатиот месец. Се очекува овој документ да се операционализира во патоказ на конкретните чекори во реформите којшто ќе треба да му се покаже на еврокомесарот за проширувањето Штефан Фуле при неговата посета на Скопје најавена за 7 мај. Сите тие точки беа наша обврска и досега, но сега се зацртува план за конкретни резултати што треба да се видат без досегашните изговори, велат експертите.

Ни се намалува просторот за изговори за неефикасност. Јас мислам дека поради таа прична таму се дадени конкретни термини, за да не можеме да наоѓаме изговори дека работиме, но не сме сработиле ништо.
Алберт Муслиу, политички аналитичар .

„Ни се намалува просторот за изговори за неефикасност. Јас мислам дека поради таа прична таму се дадени конкретни термини, за да не можеме да наоѓаме изговори дека работиме, но не сме сработиле ништо“, изјави аналитичарот Алберт Муслиу.
Архивска фотографија: Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и премиерот Никола Груевски.
Архивска фотографија: Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и премиерот Никола Груевски.

Дијалогот ќе заврши за неколку месеци и реформите нема да завршат во тој временски рок, но со зацртаните рокови ние треба да покажеме сериозност реформите да заживеат и да ги убедиме европските партнери дека имаме волја да го направиме тоа. Администрацијата има капацитет и имаме доволно добри стартни позиции за реализација на обврските, додава Муслиу, така што не смееме да ја пропуштиме шансата да покажеме политичка подготвеност.
Со корумпирани умови какви што се нашите, корупција, што значи слободата не се балансира со одговорност, не се почитуваат одредени правила на поведение и тн., така што многу тешко ние ќе станеме Европјани во своето поведение, и за тоа ќе ни треба многу време.
Денко Малески, универзитетски професор.

Подточките во дијалогот бараат одредени подобрувања од типот подобрување на ефикасноста на правосудството, дијалогот меѓу заедниците, или одвојување на државата од партијата, резултати кои не можат да се постигнат за неколку месеци со оглед на тоа што претпоставуваат промена на свеста, вели професор Денко Малески.

„Со корумпирани умови какви што се нашите, корупција, што значи слободата не се балансира со одговорност, не се почитуваат одредени правила на поведение и тн., така што многу тешко ние ќе станеме Европјани во своето поведение, и за тоа ќе ни треба многу време“, вели Малески.

Нормативните решенија ни оддалеку не се доволни за да можеме да кажеме дека сме подготвени да градиме демократско општество кое од нас го бара Европката унија, заклучуваат експертите, зошто како што вели Малески, во својата суштина демократијата подразбира состојба на умот која не може да се промени за неколку месеци. Па оттаму и сегашната форма на водење на дијалогот со Европската унија ќе остане само поттик да се остане на патот на реформите, но не и некаква драстична промена во нивното реализирање.
XS
SM
MD
LG